еМагазин
Image default
Македонија

Мицкоски го повика, Заев го прифати предизвикот за да се соочат на ТВ-дуел

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на неговиот фејсбук-профил го повика претседателот на СДСМ, Зоран Заев на ТВ-дуел.

„Во изминатите две недели до мене пристигнаа две понуди за ТВ-дуел со Зоран Заев. Првата е на телевизијата „Канал 5“ за 28 февруари во гледаната емисија „Само Вистина“, а втората понуда е проект на телевизијата „Алфа“ што би се емитувал на 12 март.

Јас и двете понуди за ТВ-дуел со задоволство ги прифаќам, затоа што не бегам од соочување и не бегам од вистината, а Заев е тој кој е должен да одговори и да се соочи со фактите кои се одраз на вистината,“ напиша Мицкоски на неговиот фејсбук-профил.

На ова, одговорија од СДСМ кои во соопштение напишаа дека „ТВ соочувања со претседателот Зоран Заев имало и ќе има.“

„Претседателот Заев и сите претставници на СДСМ во изминативе две и пол години покажаа дека се транспарентни, отчетни и подготвени за дебата како со политичките противници, така и со стручната јавност, новинарите,“ се вели меѓудругото во соопштението.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Денеска сенароден собир на МПЦ – ОА против законите за родова еднаквост и за матична евиденција

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ: Вчера беа погребани европските вредности во Македонија

Редакција

Во последните три дена, нови 71 случаи на Ковид-19, оздравени 86, нема починати

Редакција