еМагазин
Image default
Македонија

Заев и Ахмети не се договорија за заеднички кандидат, се согласија дека може да го имаат

Сега немаме договор за заеднички, консензуален претседателски кандидат, но заклучивме дека има основа да излеземе со таков кандидат. Тоа по партиските консултации неделава повторно ќе биде предмет на разговор, откако ќе поминат партиските консултации, порача премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев, по денешната средба со претседателот на ДУИ, Али Ахмети, пренесува meta.mk.

На средбата на врвот на двете партии – коалициски партнери во Владата, се зборувало за повеќе можни имиња за заеднички претседателски кандидати, но Заев не сакаше да наведе ниту едно до тие имиња.

-Заклучивме дека е важно, заради иднината на државата, заради концептот „Едно општество за сите“, заради можноста повторно да се испрати пораката на единство меѓу граѓаните, да посветиме внимание на изнаоѓање на можност за застанување зад заеднички кандидат.

Ние лидерите тоа го посакуваме, но секако нашите органи и тела ќе го кажат тоа. Ќе отвориме постапка во партиите, да видиме дали и таму постои тој амбиент.

Секако, ова е вредна шанса, можеби ќе успее, можеби нема да успее, но шансата како шанса треба да ја имаме, затоа што верувам дека, прво, ќе ги отклониме сите шпекулации пред втор круг, дали има тајни договори, кој што дава, кој што изгубил, кој примил – ако застанеме сите зад заедничко име за кандидат за претседател на државата – рече претседателот на СДСМ.

Прашан дали и самиот размислува да се кандидира, Заев рече дека засега останува во извршната власт.

– Знаете дека сум јас пред сè економист, ќе се посветам на економијата и на реформите коишто претстојат, така што засега останувам во извршната власт – рече Заев.

Фото: Мета

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Анкета: ВМРО-ДПМНЕ има поголем рејтинг од СДСМ

Редакција

Лидерот на „Има таков народ“, Трифонов реагира оти Бугарија испратила помош за пожарите во Македонија

Редакција

(Видео) МВР им дели вода на заглавените туристи на македонско-грчката граница кои чекаат три часа

Редакција