еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Заев и Ципрас номинирани за Нобелова награда за мир од Социјалистите и Демократите, Зелените и Обединетата левица

Грчкиот премиер Алексис Ципрас и премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев, се номинирани за Нобеловата награда за мир за 2019 година од страна на претседателот на Групата на прогресивната алијанса на социјалистите и демократите во Европскиот парламент, Удо Булман, Ска Келер од групата на зелената/Европска слободна алијанса и Габи Цимер од Европската обединета левица – зелена нордиска, пишува денеска грчката новинска агенција АНА-МПА.

Во заедничката изјава потпишана од Булман, Келер и Цимер се нагласува дека „Преспанскиот договор меѓу Грција и поранешната југословенска Република Македонија стави крај на спорот кој трае долго време и носи стабилност во регионот на Западен Балкан”.

Тие подвлекуваат дека Преспанскиот договор, кој беше ратификуван од парламентите на двете земји, е „модел за мирно решавање на меѓународните проблеми преку дијалог и заеднички компромис.

Премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас имаа политичка храброст да продолжат со договорот и покрај националистичката опозиција.”

-Поради сите овие причини го поддржуваме номинирањето на Алексис Ципрас и Зоран Заев за Нобелова награда за мир за 2019 година од страна на Видед Бушамауи, добитник на Нобеловата награда за мир во 2015 година, велат Келер, Булман и Цимер во заедничката изјава.

-Сега конечно ќе можеме да кажеме: Добредојдовте во Република Северна Македонија”, изјави Булман во писмена порака, додавајќи дека ратификацијата докажува дека прогресивните политички сили можат да ги решат долготрајните несогласувања и да прават тешки компромиси што националистите или конзервативците не успеаја да ги постигнат речиси три децении.

Булман, исто така, им честиташе на премиерите Алексис Ципрас и Зоран Заев за „историскиот договор кој сега ќе се спроведе.”

Тој, исто така, ги повика земјите-членки на ЕУ да докажат дека оние кои постигнуваат тешки компромиси ќе бидат наградени и ја повика ЕУ да ја покани поранешната југословенска Република Македонија да “ги започне преговорите за членство во Европската унија во јуни 2019 година”.

МИА/Фото: Влада

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Законот за Договорот од Преспа објавен во Службен весник на Грција, го потпиша и грчкиот претседател

„Македонија си го смени името, парите и пасошите“: Што пишуваат регионалните медиуми за ратификацијата на Договорот од Преспа

Уште колку чекори од Договорот од Преспа треба да се исполнат, за да станеме членка на НАТО

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од утре на Пониква и ноќно скијање, дневниот билет чини 700 денари

Редакција

Адора инженеринг на јавна лицитација за 9,3 милиони евра го купи имотот на Топлификација АД во стечај 

Редакција

Обвинителството постапува во случајот со двојното убиство на Кале, вели Бубевски

Редакција