еМагазин
Image default
Македонија

Заев и Мицкоски вечерва на средба во Владата

Во Владата почна средбата на премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев со лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

На лидерската средба, како што најави претходно премиерот Заев, ќе се разговара за претстојните претседателски избори, реформските закони и се што е во интерес на државата.

– Мене ми е значајно да разговараме за престојните претседателски избори, за евроинтеграцискиот процес на нашата земја заради тоа што дури и НАТО не е завршено се уште, изјави вчера меѓу другото Заев.

Покрај претседателските избори и реформските закони, изјави Мицкоски, ќе се разговара и за Предлог законот за Специјалното јавно обвинителство кој го добиле во работна верзија, а ќе го отвори и прашањето за предвремени парламентарни избори.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сам се пријавил: Охриѓанец ја искршил таблата на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“

Редакција

Обвинителството отвори истрага за нови кривични дела за случајот со Драги Рашковски

Редакција

Кабинет на Пендаровски: Негативни се резултатите од тестот за коронавирусот од мајката на сопругата на претседателот

Редакција