еМагазин
Image default
Македонија

Заев и телефонски се слушнал со Ципрас за да му честита

Ми се јави да ми честита, исто како што направија и други лидери, рече грчкиот премиер по ратификацијата на Договорот од Преспа во грчкиот Парламент, одговарајќи на новинарско прашање дали разговарал со неговиот македонски колега, Зоран Заев, јави дописничката на МИА од Атина.

Во изјавата, Алексис Ципрас го повтори она што претходно го напиша на неговиот официјален твитер профил дека денес е историски ден за Грција, бидејќи „се става крај на голем нерешен проблем што и тежеше на надворешната политика“, но е и историски ден и за Балканот.

Рече дека „денес се роди една нова земја на северната граница, Северна Македонија, која ќе биде земја пријател и сојузник на Грција“.

Ципрас им се обрати и на сите оние кои се противат на договорот велејќи дека многу брзо и самите ќе ги видат придобивките.

-Сакам да им се обратам на сите Гркинки и на сите Грци. Резултатот на денешното гласање нема победници и поразени. Особено, сакам да им се обратам на оние кои се уште имаат свои приговори, го почитуваме тоа, критикуваат, го почитуваме и тоа, да бидат сигурни дека многу брзо ќе ги видат големите придобивки од овој голем чекор напред, рече Ципрас, пренесе МИА.

Во изјавата за медиумите, грчкиот премиер им се заблагодари на сите пратеници што ја поддржаа ратификацијата, велејќи дека „следните генерации и двата народи ќе им бидат благодарни, бидејќи денес ги ставаат темелите за иднина на мирен соживот, солидарност и соработка“.

-Сакам длабоко од срце да им се заблагодарам на 153-та пратеници од нашиот Парламент, кои и покрај големите притисоци, уцените, личните напади издржаа и одговорија на околностите, на националната совест, давајќи ѝ приоритет на патриотската должност, она што самите сметаа и сметаат дека е национална придобивка за нашата земја, порача грчкиот премиер.

МИА/Фото: Влада

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заев: Честито мој пријателе Алексис Ципрас, заедно со нашите народи испишавме историска победа

Доналд Туск со честитка и на македонски јазик за ратификацијата на Договорот од Преспа и во Грција

Јункер, Могерини и Хан радосни за ратификацијата на Договорот од Преспа во грчкиот парламент

Столтенберг: Со нетрпение чекам Северна Македонија да стане членка на НАТО

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 15 пациенти, а вкупно се лекуваaт 169

Редакција

Не бегам од одговорност, но здравствениот систем е комплексен и мора да се менаџира, вели Филипче

Редакција

Мијалков нема да одговара за прислушувањето, застаре делото за „Таргет-Тврдина„, трошоците за судењето ќе ги платат граѓаните

Редакција