еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Заев: Мнозинство се уште нема, ќе знаеме на денот на гласањето

Двотретинско мнозинство за усвојување на уставните измени се уште нема, изјави вечерва премиерот Зоран Заев во интервју за Сител и додаде дека тоа ќе се знае на самиот чин на гласање.

Сепак изрази верување дека целиот процес ќе помине и во Македонија, но и во соседна Грција, бидејќи двете земји сакаат конечно да се стави крај на речиси тридеценискиот спор.

Појасни дека секој амандман се утврдува со обично мнозинство, потоа се отвора општиот претрес, па претресот по текстови и секој амандман поединечно се гласа со двотретинско мнозинство. Потоа се гласа за сите амандмани заедно со двотретинско мнозинство и на крајот се отвора уставниот закон, за чие усвојување исто така е потребно двотретинско мнозинство.

Истакна дека целиот процес на уставните измени, кои произлегуваат од Договорот од Преспа е инклузивен.

Нагласи дека барањата на Алијансата на Албанците биле од технички аспект и тие се прифатени, а во однос на останатите барања, за кои се разговара, појасни дека се бара најдоброто решение за граѓаните од албанско етничко потекло.

-Во однос на останатиот дел за кој се разговара апсолутно се бара решение, затоа што во државјанството пишува македонско/граѓанин на Република Северна Македонија, да не бидат номинирани како Македонци оти се Албанци, а сепак се граѓани на Република Северна Македонија или досега Република Македонија. Во една ваква констелација верувам дека ќе изнајдеме решение, тука се бара начинот, истакна Заев.

Во врска со незадоволството на оние кои протестираат, на опозицијата, на граѓаните од дијаспората и дали доколку се врати назад повторно би го прифатил Договорот, Заев одговори дека Македонија 27 години се обидувала да се реши прашањето и оти од таа гледна точка сега конечно е направен обид да се затвори прашањето.

-Ќе имаме држава признанеа од сите, народ, кој никој повеќе не го спори, македонски јазик признаен од сите, нешто за што се бореле нашите татковци, дедовци и прадедовци. Конечно немаме билатерално прашање отворено со никој, вели тој и додава дека е мала бројката на оние граѓани кои се противат, а опозицијата која не го прифаќа ова решение не нуди никаква алтернатива.

Со Договорот, додаде Заев, се заштитува Македонија во едно време кога се решаваат прашањата на Балканот. Напомена дека со него земјата и економски се заштитува.

–Без ЕУ нема економски раст и прогрес. Сите знаат ниту за мене, ниту за кој било друг нема да постои втора шанса, ако оваа ја пропуштиме, додаде тој и посочи дека за Македонија освен НАТО и ЕУ нема друга алтернатива.

Изрази увереност дека целиот процес околу Договорот ќе биде завршен и во Грција, додавајќи дека и таа земја сака да се стави крај на деценискиот спор.

-Од самото решение до денеска трговијата со Грција е зголемена за 18,7 отсто, извозот расте за 16,4 отсто. Имаме сериозни придобивки уште во најава на Договорот, тој се уште не стапил во сила, нагласи премиерот.

МИА/Фото: Влада

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Приведени две лица на протестот за уставните измени пред Собранието

Двотретинското мнозинство се уште „виси“, седницата за уставните измени продолжува утре

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Зголемување: Блокирани сметките на 111.056 граѓани и фирми

Никола Осило

(Фото) Македонија има само три авиони за гасење на пожари

Редакција

Американскиот Стејт департмент се надева на успех на референдумот за името

Редакција