еМагазин
Image default
Македонија

Заев: Мораме да создадеме начин како да ги заловуваме кучињата кои растат во огромен број

Премиерот Зоран Заев најави можни законски измени за справување со бездомните кучиња по последната трагедија што вчера се случи во Гостивар кога 17-годишна девојка падна и се удави во водите на Вардар бегајќи од куче скитник што ја нападнало.

– Законите што ги имаме се комплицирани и со европски стандарди како се обезбедува  згрижување на бездомните кучиња што многу тешко може да ги постигнат општините. Размислуваме на промена на легислативата во пофлексибилен начин кој ќе ги почитува меѓународните стандарди за заштита на животот на животните, а Република Македонија ќе може да го спроведе, изјави Заев во одговор на новинарско прашање по денешното потпишување на договорите за модернизација на преносната мрежа меѓу МЕПСО и пет компании во Владата.

Како поранешен градоначалник, додаде, имам лично искуство во справувањето со бездомните кучиња.

– Општина Струмица плаќаше огромни суми на компании од Богданци и Битола, бидејќи во Струмица немаше центар за згрижување на кучињата скитници согласно стандардите, односно со почитување на правото согласно Законот за заштита на животните. Вакви згрижувачки центри има ретко низ градовите во Македонија. Имаме во Скопје, но треба да го подобриме.

Мораме да создадеме начин како тоа да се организираме, да ги заловуваме кучињата кои растат во огромен број. Надлежноста е кај општините, но државата мора да поведе грижа, бидејќи тие немаат капацитети. Еден од начините е преку промена на законодавството за да можат тоа да го реализираат општините согласно нивните капацитети, а неопходно е и повнимателно слушање на ветеринарите и експертите и спроведување на нивните укажувања, рече Заев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Таравари единствен градоначалник во Македонија кој директно работи на проблемот со кучињата скитници

Твитер-реакции за девојчето кое се удави, бегајќи од куче скитник: За смртта, виновни се институциите

Проблемот со уличните кучиња станува алармантен: Треба ли уште некој да загине, за да се реши

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Анима Мунди“ до Ковачевски: „Не ни треба Брисел, ниту се неопходни пари, за да го измените по итна постапка Законот за заштита и благосостојба на животните“

Редакција

Дождот помогна во гаснењето на пожарот на Криволак, има уште неколку жаришта во општина Василево

Редакција

Магдалена Филиповска-Грашкоска од Инспекциски совет, назначена за в.д. директор на ФЗО

Редакција