еМагазин
Image default
Македонија

Може да бидат готови и за пократко од 15 дена: Заев најави дека уставните амандмани ќе се прават со опозицијата

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека се надева оти за помалку од 15 дена ќе бидат готови нацрт-амандамните и ќе бидат изработени заедно со опозицијата.

Во заклучоците, потсети Заев кој денеска присуствуваше на „Валандовската ракијада“, Парламентот и даде не повеќе од 15 дена на Владата да ги изготви  амандманите. Но доколку ја следевте јавната дебата, нагласи, јас им ветив на пратениците дека ќе имаме инклузивен процес каде што ние од владата ќе дојдеме во Парламентот со отприлика скицираните очекувања од самите амандмани согласно договорот од Преспа и ќе седнеме заедно власта и со опозицијата, скицираните и да ги направиме нацрт-амандамните.

– Верувам дека тоа можеме да го направиме и пократко од 15 дена за да можеме да скратиме колку што може повеќе денови. Верувам дека во рамки на тие 15 дена ќе можеме навистина да се усогласиме и да очекуваме да расте мнозинството во наредните фази на поддршка затоа што според мене како ќе ги отвораме потребите за донесување на уставните промени самите нацрт амандмани,  како ќе бидат конечните амандмани коишто Собранието ќе ги гласа се повеќе ќе потврдува дека нема ништо што е болно, коешто е тешко, коешто е  скриено или сите овие амандмани се повеќе ќе не фузираат, ќе не обединат се надевам заради тоа што ќе ја гарантира иднината на нашата земја, изјави Заев.

На новинарско прашање дали се прифатливи барањата од пратениците од опозцијата, Заев нагласи дека имал прилика да види четири точки и истите ги прочитал многу внимателно.

– Едното е да се потврди македонскиот идентитет, второто е начинот на примената, а во рамки на договорот тоа е овозможено, така што верувам дека сакаат јасно прецизирање, дека ќе биде буквално конекцијата многу јасна со нашето влегување во членство, ќе биде поврзано и самата внатрешна употреба. Сите оние поглавја кои нема да се отворат односно сите оние секојдневни потреби и користење за дома кои не се покриени со поглавја, тоа ќе значи дека со полноправното членство во ЕУ ќе значи конечната комплетната промена на името односно додавката за целосна нејзина употреба во Македонија, појасни премиерот Заев.

Наредниот дел, посочи тој, е она што значи гаранција дека доколку Грција не го ратификува  или бидеме спречени во понатамошниот процес, дека овие уставни промени не важат и на крајот и потврда и поддршка на повикот за помирување, рече, е потврдено од страна на тие пратеници кои гласаа.

– Верувам дека таа бројка ќе биде многу поголема. Не случајно го зборувам тоа затоа што многу повеќе пратеници сакаат да се придружат. Уште еднаш ја испраќам пораката преку еден инклузивен процес надвор од нашите политички определби да седнеме сите заедно и да ги дефинираме точно уставните амандмани заедно да го поддржиме овој процес толку важен за РМ, што конечно ќе ја обезбеди сигурноста, безбедноста, стабилноста  и економскиот раст и развој на нашата Македонија, порача претседателот на Владата на Република Македонија од Валандово.

Прашан дали ќе бидат инкорпорирани овие барања Заев потенцира дека заедно ќе се разгледуваат со стручните луѓе и изрази уверување дека ќе бидат инкорпорирани затоа што, како што рече, она што го прочитав нема некои пречки, проблеми и верувам дека ќе можат да бидат добра алатка за да заедно да се надоградиме и заедно да гласаме за конечната верзија на уставните промени.

МИА/Фото: Влада

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Има уште две фази до промена на Уставот, пак ќе бидат потребни 80 пратеници

Стартува промената на Уставот: Која е процедурата понатаму

Што побараа пратениците на опозицијата кои гласаа „за“ промена на Уставот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

50.000 вакцини од Бугарија и 20.000 од Грција ќе пристигнат во државата, најверојатно „АстраЗенека“

Редакција

Детална листа: Вкупно 19 мерки и активности против ширење на корона вирусот

Редакција

Антикорупциска бара кривично гонење на Наумче Мојсовски, директорот на Агенцијата за млади и спорт

Редакција