еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Заев најави смени, кои министри може да останат без фотељји?

Премиерот Зоран Заев, исклучи реконструкција на Владата, но најави можни смени на министри, но не прецизираше на колку, ниту пак кој.

Од неговата вчерашна изјава може да се претпостави само едно име.

– Ако некој министер не доаѓа во Владата, логично е дека треба Владата да седне, да размисли, тоа да се промени. Тоа е редот на работите. Секако разговараме со коалициските партнери, кои споделиле одговорност со нас и во делот на другите ресори, рече Заев.

Заев најверојатно во изјавата алудираше на вицепремиерот за Рамковен договор, Хазби Лика, кој не доаѓа на работа во Владата од мај.

Телевизијата Алсат М, пак неофицијално објави дека може да бидат сменети неколку министри и заменици-министри.

Освен Лика, Алсат М, ги спомнува и министерот за економија, Крешник Бектеши, министерот за финансии, Драган Тевдоски, вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев и министерот за здравство, Венко Филипче.

И телевизијата ТВ 21, неофицијално го спомнува Лика, а го објави и неговиот можен заменик – Атила Реџепи, шеф на штабот на ДУИ за референдумот, Тевдовски, Анѓушев, но и минисерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

Според извори на ТВ 21 можна е и смена и на министерот за локална самоуправа, Сухејљ Фазлиу, и на министерот без ресор, Аднан Ќахил, а според телевизијата сигурни на своите позиции засега се Османи, Бектеши и Садула Дураку, кој го предводи Министерството за животна средина и просторно планирање.

Коалициниот партнер на Заев, Али Ахмети пак во интервју за телевизијата ТВ Клан рече дека за реконструкција или за предвремени избори сега не е време, и дека не е направена ни анализа на квалитетот на работата на министрите. Сега според него најважни се интеграциите во ЕУ и НАТО и договорот за името со Грција.

„Главната одговорност тука спаѓа врз СДСМ. Секако дека и ние не можеме да избегнеме од одговорноста, но има многу ресори каде ние немаме влијание. Таму, СДСМ има повеќе влијание како поголема политичка сила. Важните работи се движат во добра насока, иако не е направена детална анализа за нашите функционери“, рече Ахмети.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Хазби Лика, кој може да биде меѓу првите што ќе остане без функција во најавената смена на министри

Заев најави смена на министри

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Косовските власти дозволија посета на српскиот патријарх Порфириј

Редакција

Петков: Го почитуваме самоопределувањето на сите граѓани, како и користењето на сите ваши јазици како што се дефинирани со Уставот

Редакција

Покрај Шведска, македонската ТВ-серија „Зоки Поки“ ќе се емитува и во Норвешка

Редакција