еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Заев најави тужба за клевета за случајот „Рекет“

Премиерот Зоран Заев ја повика јавната обвинителка Вилма Рускоска да ја потврди веродостојноста на записникот од исказот на сведокот-жртва, бизнисменот Орце Камчев даден во Јавното обвинителство за случајот „Рекет“.

Заев тврди дека тоа што беше објавено за него во медиумите не е точно и најави тужба за клевета, за медиумите кои го објавија записникот.

„Апсолутна обврска е на Обвинтелството да објави дали е тоа така. Јас како што видов има една страна од записник, а потоа се прераскажува, што претставува сериозна манипулација.

Ги охрабрувам новинарите да истражуваат, да доловат се што е важно за јавноста, но не да прават манипулации, за што има одговорност. Лично јас, а верувам и Радмила Шекеринска, Никола Димитров, Фросина Ременски и сите што се спомнати таму ќе ги повикам да поднесеме заедно тужба за клевета и таму да се отворат документите и на јавноста да кажеме дека тој што го напишал лаже“, изјави Заев, додавајќи дека ако се докаже дека има вмешани и било кој од политичарите е виновен, ќе побара одговорност.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рускоска ја потврди веродостојноста само на првата страна од записникот за сведочењето на Камчев, кој заврши во медиумите

Ременски и сопругот ќе се приклучат кон тужбата на Заев, Димитров и Шекеринска

И Шекеринска најави тужба за „Рекет“

Димитров: Одвратна инсинуација дека сум вмешан во „Рекет“, прв пат ќе тужам

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заврши презентацијата на материјални докази од страна на Обвинителстовото во случајот „Меѓународен сојуз“

Редакција

Собранието за патни расходи потрошило 735.000 евра во 2019 година

Редакција

Ѓорге Иванов повикува на отфрлање на „францускиот предлог“

Редакција