еМагазин
Image default
Македонија

Заев на Мечкин камен, Пендаровски на Водно, Џафери во Пелинце за Илинден

„Сите сме деца на Илинден“ е мотото под кое годинава ќе се реализираат чествувањата на Денот на Републиката – 2 Август, Илинден во Скопје, Пелинце, Смилево и Крушево.

Централната свеченост ќе се одржи на Мечкин Камен во Крушево, каде после положувањето цвеќе на споменикот ќе следува обраќање на премиерот Зоран Заев по што е предвидена и свечена културно-уметничка програма.

Свеченостите по повод Денот на Републиката, како што информираат од владината прес-служба, започнуваат со активностите на претседателот на Република Северна Македонија, кој заедно со делегациите ќе положи свежо цвеќе пред спомениците на АСНОМ и на Никола Карев и ќе се поклонат пред споменикот на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ Методиј Андонов Ченто во Скопје.

Претседателот Стево Пендаровски, заедно со Сојузот на борците ќе положи и цвеќе на Алејата на славните, по што ќе следува прием за гостите и за делегацијата на борците во претседателската вила на Водно, каде што претседателот и претставник на Сојузот на борците ќе имаат и свои обраќања по повод празникот.

Претседателот на Собранието Талат Џафери ќе говори во Меморијалниот центар АСНОМ, во Пелинце на свеченоста по повод Денот на Републиката – 2 Август, и по повод 75 годишнината од првото заседание на АСНОМ, по што следува културно-уметничка програма.

Како дел од Програмата за одбележување на Денот на Републиката – 2 Август, се и активностите во Смилево, со кои ќе се одбележат 116 години Илинден и 77 години од првата борбена акција на Битолско – Преспанскиот Партизански Одред „Даме Груев“.

Свечената програма предвидува положување на цвеќе на спомен обележјата, по што следи посета на меморијалниот музеј Смилево.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Лекот „ивермектин“ кој е ефикасен во борбата против Ковид-19 од денеска e достапен во аптеките

Редакција

МВР: Не наседнувајте на лажни електронски „судски покани“ во име на директорот на БЈБ, станува збор за обид за измама

Редакција

Убава вест: Нема починати од Ковид-19 во изминатото деноноќие

Редакција