еМагазин
Image default
Македонија

Заев во Давос се сретна со Хан и Столетенберг: Спроведувањето на Договорот од Преспа се одвива според планираното

Во рамките на агендата на учеството на владината делегација на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија, премиерот Зоран Заев денеска се сретна со комесарот за проширување на ЕУ и за соседска политика во Европската Комисија, Јоханес Хан и со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, информираат од Владата.

“На средбата со еврокомесарот Хан беше констатирано дека спроведувањето на историскиот Договор од Преспа се одвива според планираното, и дека сега е време сиот напор на политичките процеси во Република Македонија да се фокусира на нагласена имплементација на реформите, за да се овозможи старт на преговорите за членство во ЕУ.

Во разговорот со Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг уште еднаш беа афирмирани пораките за поддршка и охрабрување што и понатаму стигаат од НАТО, да се финишира спроведувањето на Договорот од Преспа, како и очекувањето на  почетокот на ратификацијата на протоколот за членство.

Премиерот Зоран Заев потенцираше дека нашата земја е целосно подготвена за тој значаен чин, како еден од двата врвни приоритети на Република Македонија на меѓународен план во 2019 година“, велат од Владата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Заев во Давос се сретна и со милијардерот Сорос

Заев по втор пат: Кој се ја преставувал Македонија на самитот во Давос

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 43 пациенти, а вкупно се лекуваaт 435

Редакција

„Таргет-Тврдина“: Свиркачот Лазаревски првпат влегол во системот за прислушување во 2008 година

Редакција

32 случаи на заболени со коронавирусот во Македонија се импортирани од надвор

Редакција