еМагазин
Image default
Македонија

Заев: Не ја предложив јас Русковска за шеф, не ми се допаѓаше ни мене пред пет години

Премиерот Зоран Заев смета дека може да се приближат ставовите околу новиот закон за Јавното обвинителство и оти голем дел од препораките на опозицијата се прифатени.

„Позициите ни се јасни, но јас гледам дека се приближуваат и дека можеме. Точно е дека прифативме голем дел од препораките од опозицијата. Се гледа. Уште еднаш да појаснам. За да може да најдеме решение во кое ќе успеат сите да кажат дека се победници во функција на своите аргументации, правиме припојување на СЈО кон постојното ЈО за организиран криминал кое го менува своето име и за висока корупција. Нема потреба да седат Заев и Мицкоски да бираат обвинители“, рече Заев одговорајќи на новинарски прашања денеска на прес-конференција.

За спомувањето на Вилма Русковска како шеф на идното Обвинителство за организиран криминал и висока корупција, премиерот рече дека тој не ја предложил туку кажал кој во моментов го води Обвинителството и кој го има мандатот.

„Не ја предложив јас Русковска за шеф, не ми се допаѓаше ни мене пред пет, седум, девет години, но кој ме прашува мене. Обвинителите ги бира Совет на јавни обвинители. Во Обвинителството постои субординација и координација. Тоа е нормален процес.

Решението што ВМРО-ДПМНЕ го бараше и написмено во овие работни групи беше да се откажеме во опстојување на самостојноста на СЈО во идниот период, да не биде посебно одделение, туку да се припои. Го направивме тоа. Верувам дека имаме решение и дека овие денови ќе ги отвориме дебатите. Треба да и учиниме и да и помогнеме на државата и ова прашање да го тргнеме од дневниот ред“, рече Заев и додаде дека јавно-обвинителскиот систем ќе продолжи и понатаму да се темели на истите полуги и ќе функционира согласно Уставот.

МИА/Фото: Влада

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русковска: Рекетираниот бизнисмен се ослободува од одговорност од поткуп, бидејќи го пријавил делото

Каков имот пријавила Вилма Русковска, која Заев ја предлага да го води „новото СЈО“

„Заев ако те сакала Катица вистински ќе ти се врати„: Tвитер за “новото СЈО“ кое ќе го води Вилма Русковска

(Видео) Заев: Вилма Русковска на чело на „новото СЈО“ кое ќе работи под капата на Државното обвинителство

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 314 случаи на Ковид 19 од 2.362 тестирања, бројот на активни случаи изнесува 16.858

Редакција

(Видео) Каракачанов: Ќе испратам инженерски полк за да ги отстрани македонските споменици на кои пишува „бугарски фашистички окупатор“

Редакција

Дебар ни одржа лекција за дисциплина на сите

Редакција