еМагазин
Image default
Македонија

Заев: Не гледам причина да се одложат изборите

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев денеска одговарајќи на новинарско прашање за што ќе се разговара на утрешната лидерска средба и дали е можно одложување на закажаните изборите или нивно одржување без кампања рече дека не гледа причина за таков чекор.

„Јас лично не гледам на ниту еден начин, ниту било која причина за изборите да се одложуваат. Тоа е целта која сакаме да ја постигнеме и не е добро да се одложат изборите, тие треба да се одржат. Сите државни ресурси се подготвени, екипирани и парламентот е распуштен, веќе е подготвено се она што е претходна постапка и е завршено.

Сега можеби корона вирусот ќе не стави во позиција на некои поинаков вид на кампања, секако електронските медиуми се на располагање, интернет можностите се на располагање, видео стримови и така натаму, можеме да ги поставиме и верувам дека ќе допреме до граѓаните, важно е граѓаните да знаат за што ќе гласаат, да знаат што ќе бираат и како да изберат, важно е да ги промовираме сите наши поединци и пратеници, програми, визии и детали околу целата работа за да може да излезат, затоа што важно е граѓаните да излезат, успешноста на изборите не е исто дали ќе биде со 45% или со 75%.

Така што веруваме дека максимално ќе мотивираме да излезат граѓаните заради тоа што со излезноста на граѓаните и граѓанската должност секако ја исполнуваме.

Целта е токму тоа на лидерската средба каде премиерот Спасовски не поканува утре во Владата“, изјави Заев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Може ли корона вирусот да ги „инфицира“ изборите?

Ќе ги имаме ли првите избори без митинзи поради корона вирусот?

Ќе има ли избори: Во четврток лидерска средба за справување со корона вирусот

МИА/Фото: Фејсбук/СДСМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Денеска пристигнува првата пратка вакцини од Србија

Редакција

Изречени 755 казни за неносење маска

Редакција

Детален преглед на состојбата со Ковид-19 по македонските болници

Редакција