еМагазин
Image default
Македонија

Заев не се сретнал со американскиот амбасадор во Грција на Халкидики

Не се сретнав со Зоран Заев, така што не верувајте на се што ќе видите во медиумите, вели амбасадорот на САД во Атина, Џефри Пајат во интервјуто за грчката новинска агенција АНА – МПА, во однос на шпекулациите што се појавија во дел од медиумите во Грција за негова наводна средба на Халкидики со македонскиот премиер.

Портал од Халкидики (halkidikifocus.gr) објави вест под наслов „Заев и Пајат на викенд на Халкидики“ во која пишува за „тајни посети“ на краците, без да ги поврзе премиерот и амбасадорот дека се сретнале, а текстот го преземаа дел од онлајн изданијата на грчките медиуми, но со променет наслов што алудираше на тајна средба, за кое со демант преку Твитер излезе Американската амбасада во Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Пајат освен што ги демантира шпекулациите за наводна средба со Заев, вели дека бил на Халкидики си поминал одлично, а во интервјуто за грчката новинска агенција говори и за дводневната работилница во Солун одржана минатата седмица на која новинари од Северна Македонија и Грција дискутираа за дезинформациите.

– Најважното нешто за мене беше на стратешко ниво. Ја зајакна визијата што ја промовираат САД, Солун како регионален крстопат и порта и особено улогата што грчката Македонија ја игра како партнер за да ѝ помогне на Северна Македонија да продолжи со европските реформи и да ја консолидира нејзината позиција во евроатлантското семејство, во евроатлантските институции, почнувајќи од НАТО. Работилницата беше многу успешна, вели американскиот амбасадор за АНА -МПА.

Дезинформациите и соработката за справување со нив, беа во фокусот на работилницата, што на 25 и 26 јуни се одржа во Солун, организирана од амбасадите на САД во Северна Македонија и Грција, Центарот за глобално поврзување на Стејт департментот, Американската агенција за глобални медиуми и Центарот за европски перспективи.

Искуства и идеи споделуваа 35 новинари од Медиумската информативна агенција (МИА), грчката новинска агенција АНА-МПА, приватни медиуми од двете држави, како и претставници на академската заедница и невладиниот сектор.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нема починати од Ковид-19 во изминатите 24 часа, дополнително пријавени двајца

Редакција

Убава вест: 658 оздравени од Ковид-19

Редакција

На токсикологија завршиле 10 лица за новогодишната ноќ, од нив 5 девојки

Редакција