еМагазин
Image default
Македонија

Заев: Не смееме да дозволиме да немаме Парламент за ратификација на Протоколот за НАТО

Премиерот Зоран Заев смета дека 12 април како датум за одржување на предвремените парламентарни избори треба да се задржи, но, како што вели, се остава можност за какви било промени, пред се заради ратификацијата на Протоколот за прием на Северна Македонија во НАТО.

Посочи дека како држава нема да дозволиме да немаме парламент токму кога ние треба да го ратификуваме Протоколот со НАТО.

– Сите 29 земји членки го ратификувале Протоколот и кога ќе дојде до Македонија да го ратификува не смееме да дозволиме да немаме парламент, истакна премиерот.

Затоа, како што додаде, и претседателот на Парламентот, Талат Џафери веројатно води грижа и за прашањето за законските рокови.

-Претседателот на Собранието за жал не беше поканет кај претседателот на државата Стево Пендаровски кога разговаравме за ова прашање и каде што паднаа одлуките. Но, Собранието е највисок орган во државата и највисоко демократско тело кое одлучува согласно законските услови дали 45 дена или 60 дена…

Јас слушнав дека претседателот на Собранието одлучил 60 дена. Секако ако е таква одлуката нам ни останува да се поклониме пред одлуката и да ја испочитуваме до крај. Но, секако сите мора да водиме грижа државата да ни биде функционална кога се носат вакви историски одлуки, рече премиерот Заев.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери најави дека ќе го распушти законодавниот дом на 11 февруари, односно 60 дена пред одржувањето на парламентарните избори закажани за 12 април.

Според Џафери, не постои можност да се свика Собранието доколку има потреба да се ратификува Протоколот за членство во НАТО. За тоа, како што изјави Џафери на средбата со новинарите, ќе треба да се чека на новиот собраниски состав.

МИА/Фото: СДСМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ревакцинирани вкупно 767.800, трета доза примиле 5.666 граѓани

Редакција

Седум години од смртта на Глигоров: Првиот претседател почина на денешен ден

Редакција

Може да добие казна затвор од 5 години: Македонец во Хрватска се обидел да убие еден, а повредил четворица врсници со нож

Редакција