Премиерот Зоран Заев рече дека нема да поднесе оставка по објавувањето на аудио снимката со руските комичари Владимир Кузенцов (Вован) и Алексеј Столаров (Лексус), кои лажно се преставуваат како поранешниот украински претседател Петро Порошенко и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
Заев со нив разговара отворено за голем број политички прашања и притоа ги дава и телефонските броеви на поранешниот американски помошник Вес Мичел и премиерот на Косово, Рамуш Харадинај, убеден дека зборува со вистинските Порошенко и Столтенберг.
Тој додаде дека не чувствува одговорност за да понесе оставка, бидејќи не издава тајни, туку повторува официјални ставови, кои и до сега ги кажал.
„Во тој момент лично верував дека разговарам со Столтенберг и Порошенко и зборував како премиер. Ги повторив ставовите кои секогаш јасно сум ги кажувал. Секој ден сте во машина, установи, разговори и затоа се случуваат пропусти за што искрено се извинувам“, рече Заев.
Тој рече и дека нема да побара одговорност за скандалот и од советниците или лица вработени во протоколот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Заев: Жртва сум на својата отвореност и организирана структура која е против нашето членство на НАТО
Како руските комичари кои разговарале со Заев ги наоѓаат телефонските броеви на светските политичари
Заев на „лажните“ Порошенко и Столтенберг им дал телефонски броеви од Вес Мичел и Рамуш Харадинај
(АУДИО) Руски комичари три пати разговарале со Заев преставувајќи му се како Порошенко и Столтенберг
Фото: Влада