еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Заев: Нема докази дека Русија се меша во внатрешните работи на Македонија

Нема докази за диркетно мешање на Русија или на која било земја во внатрешните работи на Македонија. Ставовите на пријателска Русија, но и на другите пријателски земји се познати. Сите заедно се за ЕУ, но за НАТО Русија има поинаков став од ЕУ и САД.

Ова го истакна денеска премиерот Зоран Заев на прес-конференција во Владата одговарајќи на новинарско прашање.

– Но за нас е важен ставот што го имаат мнозинството граѓани на земјава, кои не гледаат друга алтернатива освен полноправно членство во НАТО и ЕУ.

Нагласи дека бројките се над 80 отсто граѓани за НАТО, а само пет отсто против.

Премиерот истакна дека односите со Русија може да се унапредуваат во повеќе области – економијата, православното христијанство, културата, образованието и друго, но напомена дека алтернативна за НАТО и ЕУ нема.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Седум новопочинати од Ковид-19, вкупно 792

Редакција

(Видео) Богаташи од САД, Канада, Италија и Русија плаќале за да со снајпер убиваат цивили во опколеното Сараево

Редакција

Филипче апелира на трпение за вакцинација: Денеска ќе стигнат 2.000 кинески вакцини

Редакција