еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Заев: Немам докази за руско влијание во Македонија

Премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарски прашања на конференцијата посветена на слободата на медиумите во регионот, порача дека нема докази за руско влијание во Македонија.

– Немам докази за руско влијание овде. Руската Федерација е пријател на Република Македонија и нема ништо против интеграцијата на Македонија во ЕУ, но отворено е против НАТО, рече Заев.

Тој потсети дека нема алтернатива за Македонија освен ЕУ и НАТО, и дека Македонија „сака пријателство со сите земји“.

Заев истакна дека е запознаен со информациите за мрежи на профили кои шират лажни вести на социјалните мрежи и традиционалните медиуми и порача дека се надева дека ќе „можеме да ги дознаеме деталите“, но дека тој нема идентификувано земји кои шират лажни вести.

Премиерот ја повтори својата поддршка за саморегулација на медиумите.

– Медиумските работници најдобро знаат како тоа да го направат на начин кој мислат дека е најдобар.

Шефот на македонската Влада предупреди дека „злоупотребата во форма на дезинформирање многу лесно се рефлектира врз  безбедноста и не претставува слобода на говор“.

– Видовме и во Македонија и во регионот колку штетна може да биде пропагандата, поттикнуваат насилство, затоа како влада повикуваме на конструктивна атмосфера.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Нема ниту една табла со името Гоце Делчев. Бедотии…“: Твитер реакции за името на автопатот Миладиновци-Штип

Редакција

Божиќен расказ за Христовото раѓање: Смислата на празникот е спротивно на се што правиме

Редакција

Сите детали: Кривична пријава против 10 прилепчани кои тепаа полицајци

Редакција