еМагазин
Image default
Македонија

Заев: Обвинителство треба да каже дали Јанева е злоупотребена или инволвирана во целиот овој процес

Ја почитуваме пресумпцијата на невиност, но истовремено сите индиции и докази мораат до крај да се процесуираат за да се докаже невиноста или вината на кој било инволвиран во истрагите, рече денеска премиерот Зоран Заев во интервјуто за МИА, давајќи коментар на последните случувања во врска со вчера обелоденетата истрага „Рекет“ во која Бојан Јовановски и Зоран Милевски се осомничени за изнудување пари од бизнисмен за да влијаат да се олесни постапката против него врз одреден јавен обвинител.

Заев во интервјуто за МИА вели дека со отворањето на овој случај се демонстрира јасно и недвосмислена борба против организираниот криминал и корупцијата и се враќа довербата во правната држава и во владеењето на правото.

-Законот мора подеднакво да важи за сите без разлика за кој се работи. Во случајот веќе има двајца осомничени, а како што слушнав од медиумите е конфискуван и телефонот на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева за да утврдат дали постои конекција меѓу неа и првоосомничениот.

Поради тоа што се работи за високо позиционирана личност тоа дава мотив за секаков вид политичкки шпекулации. Според мене, Јавното обвинителство треба да каже дали таа е злоупотребена во целиот овој процес или инволвирана во овој процес. Тоа е коректно да се каже, бидејќи се злупотребуваат секаков вид на аругменти за да некој прави политички конструкции или слично, рече Заев.

Нагласи дека отворањето на овој случај значи дека земјата има организиран систем којшто си ја врши својата работа.

Тој упати апел до други бизнисмени доколку биле таргет на рекет да го пријави во ОЈО за да може да се добијат сите докази и аргументи што ќе ја даде целата слика. 

МИА/Фото: Влада

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Тимот на СЈО затечен: Никој не знаел за оставката на Катица Јанева

На Катица и е одземен мобилниот за да се провери поврзаност со Боки13

Каков имот пријавила Катица Јанева, која си поднесе оставка и остана без мобилен

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пресудата за Јанкулоска на 8 октомври, поранешната министерка плачеше при завршните зборови

Редакција

„Титаник 3“ продолжува на 22 февруари, за да се обезбеди клучен сведок

Редакција

МАН бара Обвинителството да ја запре постапката против уредникот на порталот „Инфомакс.мк“

Редакција