еМагазин
Image default
Македонија

Заев: Петар Атанасов поднесе оставка бидејќи не стана министер за образование

Петар Атанасов поднесе оставка од функцијата зашто не стана министер, а тоа што го напиша се негови лични ставови, рече премиерот Зоран Заев вечерва во интервју за ТВ Сител прашан за повлекувањето кое заменик-министерот за образование и наука вчера го соопшти преку својот фејсбук-профил.

„Тоа е мој пријател и беше заменик-министер во еден сериозен период. Жалам што господинот Петар Атанасов вака го објави тоа, со ваква употреба на зборови. Тоа е негово право и одговорност. Ред е и јас да кажам дека тој тоа го направи зашто не стана министер за образование.

Го бараше тоа неколкукратно од мене, јас одлучив дека не треба да стане министер за образование. Во саботата ја донесов конечната одлука, му ја соопштив на Атанасов. Секој не може да биде министер, некогаш и околностите не се такви. Демократска партија сме, луѓето се слободни во своите намери и тој одлучи на ваков начин да го изрази своето незадоволство“, рече Заев.

Во однос на ставовите на Атанасов за неспроведување на реформите, премиерот одговори дека тие продолжуваат согласно со програмата, дека сериозно му се посветуваат на образованието како на „жив процес и жива материја“ и дека низ дебата ќе изградат вистински образовен систем.

Досега е донесен, рече, само Законот за високо образование, нацрт-законот за основно е во процедура и ставен на ЕНЕР за сугестии, ќе следува нов закон за средно и развивање на концептот за дуално образование.

МИА/Фото: Фејсбук/Зоран Заев

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заменик-министерот за образование Атанасов си поднесе оставка поради немањето реформи во образованието

Кој е Петар Атанасов, заменик-министерот за образование кој поднесе оставка

Каков имот пријавил Петар Атанасов, заменик-министерот за образование, кој си поднесе оставка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Градоначалникот на Чаир во самоизолација по контакт со лице позитивно на корона вирусот

Редакција

Ламбе Алабаковски пуштен во домашен притвор

Редакција

Немаме ништо против изборите да се одржат на 17 октомври, вели Заев

Редакција