еМагазин
Image default
Македонија

Заев пиел кафе со Никола Тодоров и Митко Јанчев во Струмица

За работата на Координативното тело за помирување, за реформите и процесот на интеграција на земјата во ЕУ и НАТО, разговарале премиерот Зоран Заев и Никола Тодоров и Митко Јанчев.

Премиерот денеска на маргините на регионалниот форум „Промовирање на имплементацијата на Истанбулската конвенција во земјите на Западен Балкан и во Турција – Интегрирани политики, инклузивни партнерства“, одговарајќи на новинарско прашање нагласи дека верува оти јасно изразената одговорност од страна на Никола Тодоров  и градоначалникот Митко Јанчев може да охрабри одредени пратеници коишто „знаат кој е исправниот чекор,  а се уште немаат доволно храброст да го направат тој чекор“.

-Навистина ќе сторам се за рализирање на овој процес, имаме максимална консолидација  во општеството во врска со ова исклучително важно прашање за Република Македонија, а тоа се уставните амандмани. Уште во првата фаза имавме инклузивен процес. Верувам дека и оваа фаза, која завршува со пленарната седница, која ќе почне на 1 декември, ќе биде таква, а посебно во последната фаза, кога ќе помине јавната дебата и ќе бидат конечни амандманите со нивното амандмирање, односно  нови амандамни на самите амандамни, рече Заев.

Изрази верување дека бројката од 80 пратеници може да се зголеми.

-Таа бројка од 80, која беше овозможена при првото гласање беше  само за тогаш и никој не може да каже дека таа бројка ќе опстојува. Јас искрено се надевам дека бројката ќе расте, рече Заев.

Иако се исклучени од партиските органи, Заев верува дека тие имаат влијание во партијата, и покрај промените во позициите тие сепак се чувствуваат како дел од ВМРО-ДПМНЕ и затоа ги повикал на кафе во Струмица.

Истакна дека со задоволство би учествувал на Координативното тело, нагласувајќи оти тој е иницијаторот на процесот на помирување.

-Верувам искрено во него. Оваа закрвавеност, омраза коишто се јавуваат во нашето општество  треба да помогнеме сите заедно да се надминат, посебно во периоди кога сме сите заедно  за стратешките цели  а тоа е членството во НАТО и во ЕУ, истакна Заев.

МИА/Фото: Влада

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јанчев за средбата со Заев: Ветивме поддршка против опструкциите за уставните измени

Паѓаат ли во вода уставните измени по притворот за Мијалков и азилот за Груевски?

Заев загрижен за парламентарното мнозинство за уставни измени

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Титаник 3“ по третпат почнува со слушање на „бомбите“ како материјални докази

Редакција

Црногорскиот министер за надворешни: За транзитот на Груевски низ Црна Гора ги известивме македонските власти, немавме правна основа да го задржиме

Редакција

Може да бидат готови и за пократко од 15 дена: Заев најави дека уставните амандмани ќе се прават со опозицијата

Редакција