еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Заев почна да го користи името Република Северна Македонија

Македонскиот премиер Зоран Заев во своето денешно, прво обраќање до македонската јавност, по изгласувањето на уставните измени, предвидени со Договорот од Преспа, со кој меѓудругото се менува името на Македонија во Северна Македонија, неколку пати го употреби „новото“ име, иако уште не е стапен во сила Договорот, кој треба да се ратификува и во грчкиот Парламент.

На новинарското прашање зошто го користи, одговори дека го прави тоа за да укаже на сериозноста на одлуката што е донесена во македонскиот Парламент.

„Да, спомнав, за да сфатат граѓаните, првин од устата на премиерот, за сериознаоста на одлуката што е донесена во нашиот Парламент. Договорот стапува во сила откако ќе биде ратификуван во грчкиот Парламент. Примената е јасно опишан внатре. За меѓународна употреба стапува веднаш, за домашна употреба со отварање на поглавјата не повеќе од пет години, е опишано детално. Но дефинитивно, тоа е решението кое го прифативме и кои ги отвора перспективите на целиот наш народ и нашата земја“, рече Заев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зборот Македонија во Уставот ќе биде спомнат само еднаш, Северна Македонија 287 пати

Имаме „нов“ сосед, Република Северна Македонија: Што пишуваат регионалните медиуми за промената на името

(Галерија) Заев и Ахмети заедно славеа за „Северна Македонија“

Твитер за „Северна Македонија“: „Дали Груевски може да се врати, пошто државата која го гонеше веќе не постои?“

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Mambo-кафулето од нашето соседство: Кафе преку ден и џин за „по една пијачка“

Редакција

Во сообраќајка, се запали возило со мигранти: Еден загинат, 11 згрижени во болница во Кавадарци

Редакција

Новото ограничување на работното време ќе придонесе за масовно напуштање на работните места, порачуваат угостителите

Редакција