еМагазин
Image default
Македонија

Заев: Поддржуваме промена на изборниот модел во една изборна единица

СДСМ поддржува промена на изборниот модел во една изборна единица и ги охрабрува подносителите на оваа иницијатива да го отворат изборното законодавство во интерес на демократијата, порача денеска премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев.

Тој ова го изјави денеска по тркалезна маса на тема „Промена на изборниот модел од шест во една изборна единица и отворени листи“, во организација на Иницијативата за една изборна единица во која првично беа вклучени 12 пратеници, а потоа поддршка дадоа уште тројца.

Според Заев со овие измени највисоко рангираните партии ќе изгубат најмногу, но ќе добие демократијата.

Тој изрази верување дека со сериозни аргументи ќе се отвори дискусија да се носат одлуки во функција на демократијата и додаде дека преку ваквиот модел, секој пратеник ќе има поголем легитимитет и тежина и со него ќе стане поефиканска борбата против клиентелизмот и партизацијата на нашето општество.

Испрати порака до ВМРО-ДПМНЕ и до ДУИ, чии претставници не присустуваат на тркалезната маса, внимателно да размислат.

„И кај нив има демократски капацитети и тие добиваат од оваа работа, ако некој губи тоа ќе бидат СДСМ, потоа ВМРО-ДПМНЕ, потоа другите не губат“, додаде премиерот.

Во врска со отворените листи рече дека СДСМ смета дека во моментов воведувањето една изборна единица е многу сериозен чекор и оти двете промени наеднаш тешко дека ќе можат да се спојат во моментов.

„Тоа би значело листа од 120 кандидати за пратеници, од 120-те кандидати граѓаните треба да ги пронајдат во чаршафот, треба да го пронајдат каде е нивниот вистински кандидат“, рече Заев и додаде дека вториот проблем е што веројатно акумулацијата на гласовите ќе дојде кај кандидатите од поголемите средини и тие ќе имаат 50 до 60  отсто од пратениците.

Додаде дека отворените листи можат да се пробаат на следните локални избори, во 2021 година.

МИА/Фото:Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поблаги казни за обвинетите во „Трезор“, се менува кривичното дело за случајот

Редакција

Државата треба да му плати 6.100 евра на Јанакиески за притворот за „Организација на 27 април“ и „Шпански скали“

Редакција

Нови рочишта за „Траекторија“ и „Тенк“

Редакција