еМагазин
Image default
Македонија

Заев: Пропусти нема направено ниту една институција, единствено ако граничните служби го пропуштиле Груевски

Премиерот, Зоран Заев денеска остро и категорично ги демантираше шпекулациите за каков било политички договор со Никола Груевски во врска со неговото бегство во Унгарија.

Запрашан кој ќе ја сноси одговорноста за бегството и дали ова е дел од помирувањето, тој посочи дека секој процес го водат максимално транспарентно и нема ништо тајно или задкулисно.

– Пропусти нема направено ниту една институција. Единствено ако граничните служби го пропуштиле на официјалните гранични премини и граничната полиција направила одредени пропусти веднаш дадовме налог да се истражи целата постапка, рече Заев.

Според него, Владата не може да биде виновна за се. Таа постапува согласно закон и своите постапки јавно и транспарентно ги образложува. Изрази уверување дека процесите кои што се водат ќе доведат до она што е очекување на граѓаните, а тоа е да се изврши затворската казна на секое осудено лице вклучително и на Груевски.

-Правосудството не е во делот на надлежноста на Заев како премиер. Тоа е независно и ги носи своите одлуки растеретено од какво било влијание. Јас само ќе кажам уште еднаш каков кукавица е, кој што цело време велеше дека тој за Македонија е спремен да оди во затвор без разлика што ќе се случи. Тој, само да излезат сите други е спремен да ја прифати одговорноста и слично. Дојде моментот на прифаќање на одговорноста, избега надвор од државата обидувајќи се претходно да добие нови аболиции – додаде Заев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ќе паднат ли оставки за бегството на Груевски?

Фарса не векот: Ќе ни остане ли за спомен од Груевски потерницата на МВР?

Судбината на Груевски во рацете на „лошото момче“ Виктор Орбан

Фото: Заев/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Обвинителство бара притвор за Зоран Милески-Кичеец за сообраќајката во која едно лице почина, а седумина беа повредени

Редакција

Каков е речникот на бугарскиот европратеник Јорданов: МНР ќе упати писмо до Европскиот парламент за навредите

Редакција

Рекорден број хоспитализирани пациенти со Ковид-19 во велешката болница

Редакција