еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Заев за Дојче Веле: Разговаравме со Спасовски за оставка како морален чин, но не гледам пропуст

Убеден дека ако Груевски реши да „удира“, или како што тој знаеше да користи фраза „забивање нож во грбот на Македонија“, тој може да ја рани Македонија, но безбедноста не може да ја загрози, вели премиерот Зоран Заев во интервју за „Дојче Веле“.

– Мислам дека нема да има безбедносни импликации. Македонија не зависи од ниеден поединец, ниту пак има поединец којшто има толкав вид на информации што му стојат на располагање, за да предизвика некои безбедносни ризици за државата. Секако дека може да биде ранета Македонија на некој начин, затоа што се работи за човек кој десет години бил премиер. Сѐ она што е доверливо, државна тајна, службена тајна, останало во најголем дел кај него – вели Заев.

Во однос на истрагата за бегството на поранешниот премиер, Заев вели дека има сознанија за дел од истрагата, но дека ќе почека да заврши работата на институциите пред да дава дополнителни коментари.

На прашањето зошто никој не понудил оставка како морален чин, Заев вели дека министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, разговарал за тоа со него.

– Како колега во Владата и мој долгогодишен соработник, секогаш сме разговарале што со моралниот чин во вакви околности. Бидејќи, ако има морална одговорност, треба да има аргументација за тоа, да се објасни, да се лоцира каде е моралниот хазард, проблем, пропуст… Јас не гледам таков пропуст. Но, ако се покаже дека имало одговорност – јас ќе барам таа да биде конкретно понесена – вели Заев.

Целото интервју на Дојче Веле можете да го прочитате ОВДЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вучиќ: „Ќе беше најдобро на светот ако го уапсевме Груевски без потерница“

Да не „бомбардира„ и Груевски од Унгарија

Груевски додека има мандат ќе зема пратеничка плата, која ќе му се намалува

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Новинар на грчка ЕРТ3 стана топ тема во Грција, оти Македонија ја нарече Северна Македонија

Редакција

За примања на Управниот и Надзорниот одбор на Прилепска пиварница лани исплатени 18 милиони денари бруто

Редакција

Ќе им се вратат ли парите на граѓаните кои извадиле нов пасош, а имале важечки?

Редакција