еМагазин
Image default
Македонија

Заев револтиран од односот на Џафери: Процедурите треба да бидат исти за сите пратеници

Премиерот Зоран Заев вели дека Собранието вчера требало да ја следи досегашната пракса во однос на одлучувањето за одземање на имунитетот на пратеникот и поранешен претседател на Собранието Трајко Вељаноски. Со тоа, смета, ќе се покажело дека сите пратеници се еднакви, а ќе се оставело и можност на судот да одлучува.

-Процедурите и правилата мора да важат за секој пратетеник подеднакво без разлика дали е тоа поранешен претседател на Собрание или не, затоа што сакаме на граѓаните да им испратиме порака дека сите се еднакви пред законот, а останатото е работа на правосудните органи. Парламентот треба да ја примени досегашната пракса. Во однос на тоа што се случи изразуваме големо незадоволство и револт, рече Заев.

За повеќе детали премиерот Заев упати на координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митревски. Во меѓувреме, СДСМ преку изјава на Митревски побара одговор од претседателот на Собранието, Талат Џафери зошто синоќа ја прекинал пленарната седница на која се одлучуваше за одземање на пратеничкиот имунитет на Трајко Вељаноски.

На прес-конференција во Собранието, Митревски рече дека имало кворум за гласање и пратениците од мнозинството биле подготвени да донесат одлука со која ќе му се овозможи на судот да ги продолжи непречено своите процеси.

– Пратениците беа подготвени да овозможат правдата за 27 април да се тера до крај, но претседателот на Собранието, Талат Џафери ја прекина седницата и не дозволи да има гласање за одземање на имунитетот на обвинетиот пратеник Трајко Вељаноски. Претседателот на Собранието, Талат Џафери, должи одговор на јавноста, на граѓаните, зошто ја прекина седницата за одземање на имунитетот на пратеникот Трајко Вељаноски и зошто дозволи да настане неред на синоќешната седница, истакна Митревски.

Додаде дека за Вељаноски мора да важат истите процедури и правила како и за секој друг пратеник и оти Собранието мора да постапува како што постапувало секогаш за сите други пратеници кои биле обвинети и за кои се барало одлука за нивна одговорност.

– Поради ова, во Собранието денеска нема услови да продолжат останатите активности, рече Митревски.

Претседателот на Собранието Талат Џафери синоќа ја прекина пленарната седница по забелешките на координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски дека е прекршен Деловникот, бидејќи на неговата пратеничка група не и е дадена пауза од еден час.

МИА/Фото:Влада

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„А шо демек Вие сте немале секс со бивши, па им замерувате на ДУИ за ВМРО?!“: Твитер се „вжешти“

Џафери: Седницата на парламентот прекината поради дофрлањата на пратеникот Мухамед Зекири

Мухамед Зекири: Џафери и ДУИ треба да објаснат на јавноста зошто го спасија нивниот побратим Вељаноски

Павле Богоевски: Џафери го заштити организаторот од притвор, правејќи будали од сите нас

Села за одземањето на имунитетот на Вељаноски: Дали Џафери е продолжена рака, или фатена опашка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Секој пратеник сам треба да си одлучи дали ќе се вакцинира или не, вели Џафери

Редакција

Мицкоски ги „прибра“ секретарите во обид да ја консолидира базата на ВМРО-ДПМНЕ

Редакција

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 622 пациенти болни и сомнителни на Ковид-19

Редакција