еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Заев сардисан со уцени од сите страни

Колку политичарите во земјава, навистина сакаат да ја видат Македонија во НАТО и ЕУ сме се увериле многу пати до сега, а деновиве уште повеќе.

За да си ја спасат сопствената кожа и да ќарат лични политички поени, не се бираат средства да се уценува Владата, која стои зад предложените уставни измени, предвидени со Договорот од Преспа, кои меѓудругото предвидуваат и промена на името на државата.

На сите одамна ни е јасно дека друго чаре нема, освен договор со Грција, без кој нема да бидеме ни дел од НАТО, ни од ЕУ. Тоа по 100 пати ни го кажаа, тие што ги донесуваат клучните одлуки на европско, но и на светско ниво.

Тоа е реалноста, дали ни се допаѓа тоа или не, е друга тема.

И во едно вакво клучно време за иднината на земјата, ВМРО ДПМНЕ одлучи да си се тргне настрана, го избра најлесниот пат.

Тие пак што од најголемата опозициска партија беа исклучени поради тоа што го аминуваа стартот на уставните измени, без срам не се штедеа добро да се испазарат под маса, а во јавноста се преставуваа како „просветлени“.

Во финалето пред последното гласање на 9 јануари, да не бидат покуси, се јавија и Беса на Биљал Касами и Алијанса на Албанците на Зијадин Села со скандалозни барања со кои ги провоцираат своите сограѓани Македонци, се со цел и тие да ќарат нешто.

Кој е храбар политичар и кој навистина и мисли добро на својата земја, се гледа кога е најтешко.

Кој во тешкото сака да ќари за лична корист, пред се не е човек, а камоли политичар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Македонскиот народ“ да се замени со „граѓани“: Што ќе бара Села од Заев

Да се тргне „македонско“ од државјанството: Што бара Касами од Заев

Уште нема потребно мнозинство за уставните измени

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 30 пациенти кои боледуваа од корона вирусот

Редакција

(Видео) Канал 4 и Алџезира го разнишаа тврдењето на Израел дека не стои зад нападот на болницата во Газа

Редакција

(Фото) „Тепачка“ за автограм од Красимир Каракачанов во Битола

Редакција