еМагазин
Image default
Македонија

Заев се уште го држи оптимизмот дека Груевски ќе биде екстрадиран

Премиерот Зоран Заев со прашање одговори на новинарско прашање да ја искоментира констатацијата на претседателот Ѓорѓе Иванов дека „ништо чудно и да биде уапсен“, со оглед на тоа како се однесува власта во последно време, пренесува Мета.

По завршувањето на јавната дебата за уставните измени во Штип, Заев ги коментираше изјавите од соседството врзани за јазикот, атмосферата во Грција, како и коментарите на Иванов.

-Не знам во кој свет одредени луѓе се’ уште живеат, а така ќе го прашам и претседателот Иванов. Каде во светот извршната власт апси, власта извршна истражува, власта извршна прави обвинителни акти…?! Тоа е работа на обвинителството и судството – изјави Заев.

По искажаниот скептицизам на еврокомесарот Јоханес Хан, дека Никола Груевски може да биде испорачан на Македонија, премиерот кажа дека не ја губи надежта.

-Јас продолжувам да правам напори како претседател на Владата заедно со институциите, да настојуваме негово испорачување, затоа што тоа е минимум што може да очекуваме од пријателска земја, како што е Унгарија, земја членка на ЕУ – кажа Заев.

Во текот на дебата премиерот Заев беше прашан од присутните граѓани да го каже ставот за изјавите на двајцата министри во бугарската влада, Красимир Каракачанов и Екатерина Захариева.

Заев е на став дека треба да се продолжи градењето доверба со соседот. На ова се надоврза професорот Ѓорѓи Спасов велејќи дека ова е реакција на Каракачанов, кој се плаши дека со влезот на Македонија во ЕУ, може да остане без парите од продажбата на бугарските пасоши.

Мета/Фото: Влада

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хан не верува дека Груевски ќе биде екстрадиран од Унгарија

25 дена молк од македонските власти за скандалозното бегство на Груевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Објавена снимка за која се тврди дека се слуша како градоначалникот на Шуто Оризари, Дудуш, тепа човек во општината

Редакција

Христијаните го слават празникот Голема Богородица: Мајката на Христос со шамија го најавила Успението

Никола Осило

Куновска: Националните координатори и советници не просветлија нас глупите

Никола Осило