еМагазин
Image default
Македонија

Заев слетал на софискиот аеродром поради невремето во Скопје 

Авионот со кој леташе премиерот Зоран Заев и дел од владината делегација, кои се враќаа од економскиот самит во Давос, Швајцарија не можеше да слета во Скопје поради снежното невреме и беше пренасочен на аеродромот во Софија, потврди за МИА, претседателот на Управниот одбор и директор во Македонската навигација (М-НАВ), Николче Тасевски.

Од СДСМ за МИА потврдија дека авионот безбедно слетал во Софија и Заев тргнал на пат кон Скопје.

– Причината за пренасочување се интензивните снежни врнежи и немањето услови за слетување на скопскиот аеродром, рече Тасевски.

Премиерот Заев вечерва требаше да присуствува на состанокот на Централниот одбор кој треба да одлучува за отпочнување постапката за номинирање претседателски кандидати и за можноста заедно со претседателските да се одржат и предвремени парламентарни избори.

МИА/Фото: Влада

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ ќе пресече: Ќе има ли предвремени парламентарни избори

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Имаме ограничен буџет наспроти бројот на пациенти кој се зголемува, рече директорката на Онкологија пред Анкетната комисија

Редакција

Убава вест: Оздравени 1.276 болни од Ковид-19

Редакција

Со новиот закон за легализација на дивоградби ќе се спасат Латас, Стевчо Јакимовски, градителите кај Мавровка?

Редакција