еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Заев: Снимките на Милошоски веројатно се од разговори со групата исклучени пратеници од ВМРО-ДПМНЕ

Јас во објавените тонски снимки ја коментирам одлуката на Врховен суд за непостапување за предметите од Специјалното јавно обвинителство (СЈО) после јуни 2017 година, состојба со која предметите паѓаа доколку не се изгласаше Законот за јавно обвинителство, вели лидерот на СДСМ и поранешен премиер Зоран Заев во врска со денеска објавените снимки од пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски.

Тој во интервју за „Прес 24“ истакнува дека снимките најверојатно настанале на некој од состаноците во рамки на преговорите кои се водеа со групата пратениците, кои беа исклучени од ВМРО-ДПМНЕ.

„Разговорот некој од присутните неовластено го снимал додека се разговара за причините и потребата зошто треба да се донесе Законот за Јавно обвинителство. Тоа се веројатно разговори од состаноците кои се водеа со претставници на партиите од власта и опозицијата од албанскиот блок на партии, кога се убедувавме и објаснувавме со групата од осум пратеници од ВМРО-ДПМНЕ зошто е важно да се донесе Законот за јавно обвинителство (ЗЈО)“, нагласи Заев.

Додава дека неовластено снимениот разговор покажува зошто мораше да се донесе Законот за јавно обвинителство и покажува како со него се надминува одлуката на Врховен суд.

„Со ЗЈО овозможивме сите предмети да добијат правна разрешница врз основа на обезбедените докази. Се зборува дека врховните судии јасно информирале дека ќе ја донесат одлуката што тогаш ја донесоа согласно Законот за СЈО каде што е предвидено дека до 30.06.2017 неовластени разговори се докази, а после може да бидат само индиции.

Се друго што се слуша во објавеното неовластеното снимање од Милошоски е само аргумент плус преку убедување на соговорниците и потврда, зошто треба да се донесе новиот Закон за Јавното обвинителство“, додава лидерот на СДСМ.

Тој уште смета дека ВМРО-ДПМНЕ се закопала со пуштање снимки од разговори од време кога сите знаеле дека предметите на СЈО биле под закана.

„Милошоски го знае новиот закон, тој, Груевски и Мицкоски знаат дека предметите ќе добијат пресуди врз основа на обезбедените докази. Спасени се доказите, спасени се предметите, само криминалот на ВМРО-ДПМНЕ не е спасен“, вели Заев.

МИА/Фото:Влада

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Нова „бомба“ на Антонио Милошоски: „Заев договорал одлуки на Врховниот суд“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Продолжува миграцијата село-град: Зголемен бројот на доселеници во Скопје

Никола Осило

Грозоморни убиства низ Македонија: Пронајдени човечки трупови во резервоар за гориво од камион и вреќа

Редакција

Продолжува судењето за масовното прислушување

Редакција