еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Заев: Соработници на фашизмот имавме и во Македонија, не можете да кажете дека сите биле на страната на Партизаните

Прашан во врска со менување на учебниците каде што пишува „бугарски фашистички окупатор“, премиерот Зоран Заев денеска одговори дека, нациите не треба да се врзуваат со фашизмот. Тој додаде дека и во Македонија за време на Втората светска војна имало лица кои биле соработници со фашистите.

„Во европските земји фашизмот нема етничка боја, нема национална боја. Фашистичкиот окупатор има поставеност во делови на структури, групи, или би го нарекол, одредени лидерства во целиот овој период.

Ние имавме соработници на фашизмот и овде во Македонија. Не може да кажете дека цела една нација била фашистичка. Не можете да кажете и за нас дека сме биле сите со партизаните, бидејќи имало и некои кои биле соработници на фашистичкиот окупатор во Втората светска војна“, рече Заев.

Според него, децата ќе учат дека „фашистичкиот окупатор“ е Третот Рајх и пактот создаден од Германија, Италија и Јапонија, на кој се придружија земји меѓу кои и Бугарија.

„И тука нема дилема дека тој фашистички окупатор ја има окупирано земјава. Но, не можете да ги осудите и децата на тогашните генерации и сите од таа генерација дека биле фашисти“, додаде Заев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ќе се менуваат учебниците каде пишува “бугарски“ фашистички окупатор

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Медена тура: Воодушевени од Атиџе, велосипедисти возеа до нејзиното село Бекирлија

Редакција

Нови вработувања во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство

Редакција

„Аутомобиле-СК“ го доби тендерот на Државниот пазарен инспекторат за набавка на 10 автомобили вреден 107.000 евра

Редакција