еМагазин
Image default
Македонија

Заев за бугарскиот меморандум: Владата останува пријателски насочена кон Бугарија

Тврдењата и изјавите што содржат навреди не водат кон вистинско пријателство. Пријателството е двонасочна улица и најмногу зависи од нас самите, од нашето почитување на европските вредности и принципи. Договорот за добрососедство е одраз на взаемно почитување и пријателство и подразбира и бара одговорност и учество од двете страни.

Ова денеска на прес-конференција го изјави премиерот Зоран Заев, по повод меморандумот што Бугарија го испрати до земјите-членки на ЕУ, во кој се доведуваат во прашање македонскиот национален идентитет и македонскиот јазик.

Заев вели дека Владата останува пријателски насочена кон соседна Бугарија.

-Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија создава правна рамка и навистина нуди инструменти за менаџирање на билатерални прашања и ние сме посветени на севкупна нивна имплементација од овој Договор. Со Бугарија сме сојузници во НАТО, имаме заедничка обврска и должност да ги подобруваме добрососедските односи и меѓусебната соработка, и да градиме пријателство, подвлече Заев.

Повтори дека правото на самоопределување и самоидентификација се темелни европски вредности и цивилизациски придобивки.

-Посебноста на македонскиот јазик и македонскиот етнички идентитет се неспорен факт. Македонскиот јазик е составен дел од личната карта на Северна Македонја во ОН и дел од многуте прифатени признаени модерни јазици што се изучуваат на универзитетите во целиот свет. Во 21 век во Европа прифаќањето на минатото, но и на сегашноста се одраз на одговорна и зрела политика и вистинско градење пријателство, дециден е Заев.

Премиерот истакна дека Владата ќе продолжи во пријателски дух и ќе остане внимателна во целиот наратив, изразувајќи надеж оти постои решение од кое двете страни ќе излезат победници, како и уверување дека и бугарската страна е токму во тој правец и оти ги поддржува европските вредности.

„Очекуваме прва меѓувладина седница на крајот на годината, дотогаш со пријателска Бугарија имаме заедничко организирање односно сме домаќини на Берлинскиот процес, верувам дека во целиот овој период ќе продолжат разговорите, од комисијата продолжуват, но ќе продолжат и од политиката, за изнаоѓање решение, вели Заев.

Истакна дека Гоце Делчев е шестата историска личност за која треба да се разговара, додека идентитетските прашања треба да бидат надвор од било какви разговори.

-Мојот пријател премиерот Борисов и другите политичари и интелектуалци се обраќаат кон македонскиот народ, зборуваат дека постои маедонски јазик и тука нема никакви дилеми, но секако да оставиме простор низ разговор да изнајдеме решение, за да не би се довел во прашање следниот чекор во нашиот процес интеграцијата со ЕУ, оцени Заев.

Во однос на предлогот на ВМРО-ДПМНЕ, во Собранието да се донесе декларација, како контра одговор на бугарското Народно собрание, во која што идентитетот на македонскиот народ, посебноста на македонскиот јазик и сите други културни и национални обележја би биле заеднички потврдени, Заев вели оти лично смета дека Собранието не треба да носи такви резолуции.

-Лично мислам дека Парламентот не треба да носи резолуции, одлуки или декларации заради тоа што веројатно потоа ќе следи нова од бугарскиот Парламент, па следна од македонскиот Парламент. Ова не води кон решение. Бугарскиот Парламент е секако демократска институција во пријателска Бугарија и носат одлуки, во ред е и веројатно се чувствува притисокот и во Бугарија за ова прашање тоа е мој личен став.

Но секако Парламентот е над Владата и ако тие одлучат можат да дискутираат, но мој личен став е дека не треба туку да дадеме простор на разговорите, на преговорите затоа што само на тој начин можем да најдеме решенја и да чекориме напред, истакна Заев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Милошоски смета дека Собранието треба да расправа: Неприфатливо е државен јазик да е предмет на преговори со ЕУ

Ѓоргиев: Негувањето на сопствениот јазик и култура не може да бидат закана за европските вредности и не е антибугарски чин

Што велат бугарските дипломати за најавените услови и уцени за македонскиот јазик во преговорите со ЕУ

Бугарите со се повисоки „ниски удари“: Македонски јазик не постоел до втори август 1944 година

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

383 нови случаи на Ковид-19, во Скопје дури 201

Редакција

Џафери одликуван со Орден од украинскиот претседател Зеленски

Редакција

Се бара притвор за тројца од петмината приведени за исчезнувањето на Вања Ѓорчевска

Редакција