еМагазин
Image default
Македонија

Заев за членот 36 од Уставот: Антифашистичката војна не создаде Северна Македонија, туку Република Македонија

Премиерот Зоран Заев за членот 36 од Уставот, каде со уставните амандмани не се менува името Република Македонија со новото Република Северна Македонија и за што имаше реакции во Грција, денеска истакна дека тоа се историски делови во самиот Устав и грчката страна го сфаќа тоа.

– Секако и таму има различности во мислењето, демократија и тоа е во ред. Не можете да кажете дека антифашистичката војна создала Северна Македонија, таа создаде Република Македонија. И тој дел е историски дел. Секаде каде што е историскиот контекст секако нема потреба да се менува.

Јасен е Договорот од Преспа и кажува каде се менува уставното име, односно се додава придавката Северна во Република Македонија и некаде каде што постои само Македонија. Имаме комплетно фер, праведно решение кое и принципиелно го имплементираме во уставните амандмани, рече Заев одговарајќи на новинарски прашања по посетата на привремените живеалишта на бездомници во Визбегово.

Верувам, како што рече, дека целата оваа дебата со внимателност од двете страни ќе ја истуркаме до крај, и во нашиот и во грчкиот Парламент.

МИА/Фото: Влада

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ги бендиса ли грчката Влада уставните амандмани на македонската Влада

Нацрт-амандманот за промена на името на Македонија во Северна Македонија помина на собраниската Комисија

Зборот Македонија со промена на Уставот останува само во член 36: Што пишува во него?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Делумно прифатени дополнителните докази во „Меѓународен сојуз”

Редакција

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 66 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19

Редакција

Борисов бара ревизија на издадените бугарски пасоши: Ќе настрадаат ли „побугарчените“ Македонци?

Редакција