еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Заев за средбата со Боки 13: Состанокот беше за отворање на старечки домови

Прашан за средба што во јули лани во Владата ја имал со осомничениот во „Рекет“, Бојан Јовановски како претставник на Меѓународниот сојуз на која се разговарало за поддршка на план на оваа НВО за помош на ранлива категроија граѓани, премиерот Зоран Заев рече дека вратата на Владата е отворена за сите кои имаат добри идеи.

– Јас се сеќавам на состанокот, секако. Состанокот беше за отворање простор за реализација на старечки домови во државата, тоа е составен дел и на Програмата и секако како и сите граѓани, така и г. Бојан Јовановски беше упатен на постапките согласно законот.

Тоа значи да се обезбеди локации во општините, регионите каде што тоа е возможно, да се аплицира со проекти, да се добијат одобренија за градби, МТСП го дава одобрението за старечки дом по стандардите кои треба да се исполнат и на тој начин, како и за секој граѓанин, така и на оваа средба беа објаснети условите за старечки домови.

Владата секојдневно прима луѓе. Не ни е првпат да излегле случаи кога тоа се злоупотребувало, но за тоа постојат истраги. Истрагите треба да ги утврдат сите докази, да ги кажат сите аргументи и секако секој што се огрешил по закон да си одговара согласно законот, изјави Заев.

МИА/Фото: Влада

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Богоев за случајот „Рекет“: Се што знам кажав во Обвинителство

Дојче веле: И во првиот мобилен на Јанева „не е најдено ништо посебно“ што би било од интерес за истрагата за „Рекет“

Во „изгубениот“ мобилен телефон нема ништо, Катица го форматирала

Од што боледува Катица Јанева и дали е способна да ја врши својата работа?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Заев и Борисов на опуштена прошетка низ Дубровник

Редакција

Почина италијaнската фудбалска легенда Паоло Роси

Редакција

Активни пожари нема, изминатото деноноќие изгаснати 22

Редакција