еМагазин
Image default
Македонија

Заев за „Њујорк тајмс“ за француското вето: Тоа ме уништи лично, психолошки

Светлината на Европа е нашата водилка. Сега кога тие светла згаснаа ние сме во темнина и кој знае каде може да тргнеме, вели премиерот Зоран Заев во интервју за весникот „Њујорк тајмс“.

По одложувањето на почетокот на пристапните преговори со ЕУ, Заев најави повлекување, по што беше договорена техничка влада од јануари и вонредни избори во април идната година.

Прашан зошто се одлучил за така драматичен чекор, тој вели дека немал избор.

– Ако не организираме избори, национализмот ќе расте. Преплашен сум, вели Заев во интервју за „Њујорк тајмс“.

Според весникот, пред само два месеца, лидерот на малата балканска земја одеше високо, поздравен од светските лидери и пофален од првиот човек на ОН за понудената ретката светла точка во инаку проблематичното глобално опкружување, по што се најде и на листата на кандидати за Нобелова награда за мир.

Премиерот Зоран Заев ја заложи својата политичка кариера и иднината на својата земја за решавање на тридеценискиот спор за името со соседна Грција. Со често макотрпна дипломатија и против сите очекувања, тој успеа. Но, како што седи во својата канцеларија во главниот град Скопје, сето тоа изгледа така далечно, пишува Марк Сантора, дописникот на „Њујорк тајмс“ од Варшава одговорен за Централна и Источна Европа.

– Се кршам одвнатре, вели Заев, во интервјуто.

Промената на името, според весникот, се очекувало да го расчисти патот на Северна Македонија за пристапување кон Европската унија, но минатиот месец Франција стави вето на одлуката, барајќи реформа на процесот на проширување на Унијата. Тоа ја дестабилизира владата во Скопје и уште пострашно, наведува весникот, се заканува на кревкото статус кво во регионот по крвавиот распад на Југославија во 1990-тите.

– Тоа ме уништи лично, психолошки, вели Заев за „Њујорк тајмс“, изразувајќи загриженост не само за себе и земјата, туки и за стабилноста на целиот регион на Западен Балкан.

Национализмот и радикализмот повторно може да добијат на сила, вели Заев, додавајќи дека повторно постои ризик од отворен внатрешен кофликт во државите, но и од нови конфликти меѓу државите.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мицкоски вели оти во манастир случајно се сретнал со претседателот на бугарскиот клуб “Цар Борис Трети“ и оти не го познава

Редакција

Секоја родилка позитивна на корона вирусот во болницата во Куманово може безбедно да се породи

Редакција

Трајко Вељаноски ќе го бојкотира референдумот за името и нема да ги подржи уставните измени

Редакција