еМагазин
Image default
Македонија

Заев за 100-те илјади евра за автокефалност на МПЦ: Секогаш сум ги помагал верските заедници

Премиерот Зоран Заев на денешната прес- конференција оспори само еден дел од трите разговори кои ги направил во текот на една година со руските комичари Владимир Кузенцов (Вован) и Алексеј Столаров (Лексус), кои лажно се преставуваат како поранешниот украински претседател Петро Порошенко и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Тој рече дека во разговорот со руските комичари има сериозни интервенции во контекст кој не е автентичен кога разговара за МПЦ со „лажниот“ Порошенко и рече дека неговите ставови за прашањето со МПЦ се потврдени.

“Еден дел за кој разговараме е автокефалност, сосема друг дел е колку треба да се поддржат верските заедници. Апсолутно не го сфаќам сериозно затоа што се зборува за 100.000 евра, а за мене тоа секогаш биле материјали, најчесто цигли, некојпат финансиски донации и слично и тоа бегло го поминувам…

Ме води чувството таков каков што сум. Во разговорот јас се смешкам дека е така, се разбира, зашто треба да се помага. Јас немам проблем да помагам за интерес на верските заедници.

Јас бев и на суд за градење црква во Струмица, моето семејство и лично јас имаме изградено 14 цркви и четири џамии. Помагам зашто тоа се божји домови, јас сум верник…“, рече Заев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заев: Жртва сум на својата отвореност и организирана структура која е против нашето членство на НАТО

Како руските комичари кои разговарале со Заев ги наоѓаат телефонските броеви на светските политичари

Заев на „лажните“ Порошенко и Столтенберг им дал телефонски броеви од Вес Мичел и Рамуш Харадинај

(АУДИО) Руски комичари три пати разговарале со Заев преставувајќи му се како Порошенко и Столтенберг

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонија прими уште 97 граѓани од Авганистан, активисти на НДИ

Редакција

(Графикон) 44,9 години е просечната возраст на заболените од коронавирусот во Македонија

Редакција

Македонија блиску до бројка од 1.000 починати од Ковид-19

Редакција