еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Загинатите и повредените во автобуската несреќа, треба да бида пријавени како несреќи на работно место

Македонското здружение за заштита при работа (МЗЗПР) излезе со соопштение во однос на сообраќајната несреќа на автопатот Скопје – Тетово, во близина на селото Ласкарци.

„Имено, би сакале да предочиме дека според информациите добиени од медиумите, повеќето од нашите сограѓани, на кобниот ден се враќале од работното место кон својот дом.

Следбено на ова, според Законот за безбедност и здравје на работа (92/07) сите кои биле во работен однос, а патувале кон својот дом и се повредиле или загинале во сообраќајната несреќа, потребно е од страна на работодавачите да бидат пријавени во Државниот инспекторат за труд (ОВДЕ) како несреќи на работното место.

Нагласуваме дека непостапувањето на овој начин е прекршување на Законот и е предмет на прекршочна постапка“, се вели во соопштението на МЗЗРП.

Со пријавата од страна наработодавачите, на повредените вработени ќе им следуваат следните законски можности, велат од здружението:

1. Да имаат можност во полн износ (100%) од платата да им биде исплатена за време на периодот на заздравување (имајте в предвид дека при боледување, а кое не е поврзано со несреќа на работното место, можно е исплатената плата да биде помала и до 70%).

2. Отсуството од работното место да биде заведено како “повреда на работа”, а со тоа, во понатамошниот работен век, доколку се појават одредени компликации, истите да може да се утврдат од каде потекнуваат и да се придонесе за превенција.

3. По враќањето на работното место, вработените е неопходно веднаш да бидат упатени на насочени медицински прегледи, а со тоа да биде утврдена нивната преостаната работна способност. Ова е исклучително важно за секој од нив индивидуално доколку се јават одредени ограничувања во можностите за нивно целосно исполнување на работните задачи, а со првенствена цел да се заштити здравјето и интегритетот на работникот.

„Со надеж за побрзо и целосно заздравување на повредените и нивно враќање на работните места, но и со сочувство до семејствата на загинатите, за понатамошни консултации, Ви стоиме на располагање на: 02 2774 868 или [email protected]“, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Четворица повредени во сообраќајката на автопатот Скопје-Тетово се уште во критична состојба

Специјалецот Омер Емини самоиницијативно учествувал во извлекувањето на жртви и повредени во несреќата кај Ласкарци

(Фото) Филипче сведок на емотивен момент: Садет ја најде Јасмина на која и помогна при автобуската несреќа кај Ласкарци

Фото: meta.mk

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Колку пари чуваат граѓаните и фирмите во Стопанска банка Скопје

Редакција

Нема дежурство на токсикологија без кокаин, најскапо виски и вијагра, открива докторот Беќаровски

Редакција

Скопјано од утре ќе имаат парно, велат од Регулаторната комисија за енергетика

Редакција