еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Захариева: Историското прашање меѓу Скопје и Софија е потешко отколку спорот со Грција за името

Нашата поддршка на евроинтеграцијата на Северна Македонија никогаш не била безусловна – има еден многу јасен услов, а тоа се добрососедските односи, изјави вицепремиерката и шефица на дипломатијата на Бугарија, Екатерина Захариева.

„Не постои начин да се стремите да станете член на ЕУ и да имате нерешени билатерални односи. Тоа не е само бугарски критериум, туку еден од критериумите за членство во ЕУ – пријателски  и добрососедски односи“, рече Захариева во изјава за бугарската ТВ Нова.

Според неа, историскиот дел меѓу Скопје и Софија е потешко прашање од спорот за името што беше решен со Договорот од Преспа.

„Преспанскиот е билатерален договор. Не е лесно да се смени името на вашата земја, но историскиот дел меѓу Бугарија и Македонија е потежок. Целиот идентитет и историја од постоењето на Република Северна Македонија од 1944 година е заснован на делови од нашата заедничка историја“, истакна Захариева.

Таа вели дека Договорот за пријателство во кој е предвидена соработка во економијата, туризмот, инфраструктурното поврзување, културата и образованието дава резултати.

„По потпишувањето на Договорот за добрососедство, само за девет месеци трговската размена е зголемена за 13 отсто, но би сакала да видам повеќе бугарски медиуми во Македонија. Во областа на културата се организираат заеднички фестивали, театарски претстави и друго. На располагање се средства за Коридорот 8. За жал, потребно е време.

Наскоро ќе почне и проширувањето на граничните премини. Целта е од Софија до Скопје да се стигнува за два и пол часа и луѓето да бидат заедно. Сепак, не треба да ја потценуваме историјата“, изјави Захариева.

МИА/Фото: МНР

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заев по средбата на бугарскиот врв за македонското прашање: Политичарите треба да им ја остават работата на експертите

Бојко Борисов: Македонците да запрат со историските игри доколку сакаат во ЕУ

Каракачанов контра Пендаровски: Бугарија да не гласа за почеток на преговори со ЕУ додека не се расчистат историските фалсификати

Радев бара „црвени линии“: Македонската евроинтеграција не може да биде на сметка на Бугарија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Народна банка донесе одлука за дополнително јакнење на отпорноста на банкарскиот систем

Редакција

Дали вашите деца знаат за корупција?

Редакција

Кој е Јован Митрески, кој е избран за потпретседател на Собранието

Редакција