еМагазин
Image default
Македонија

Захариева: Не смеат да останат нерешени прашања помеѓу Македонија и Бугарија пред зачленувањето во ЕУ

Национален интерес на Бугарија е Македонија да биде дел од НАТО и да ги почне преговорите со ЕУ, порача денеска вицепремиерката на Бугарија Екатерина Захариева, одговорајќи на новинарски прашања по повод толкувањата околу историските прашања на двете земји.

Како што пренесе БТА, Захариева потенцирала дека со потпишувањето на Договорот за добросостојба не значи дека се е завршено и дека ова е само почеток на еден процес кој треба да се заврши со позитивен исход за двете страни.

Таа очекува Бугарско-македонската експертска комисија за историски и образовни прашања да постигне заедничка позиција по однос на историјата со оглед на тоа што, како што вели, постојат автентични автобиографии и други пишани документи. Според неа не се прави ништо погрешно, туку само ќе се каже вистината за историјата за двете држави.

Захариева смета дека е неопходно исполнувањето на двостраниот договор помеѓу Софија и Скопје и дека не смее да останат нерешени прашања пред зачленувањето на Македонија во ЕУ.

МИА/Фото: Фејсбук-профил на Никола Димитров

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Оградата околу Владата е отстранета само однапред

Редакција

Мајка му на портпаролот и пратеник на СДСМ, Костадинов ќе се повлече од работното место

Редакција

МНР со уште една вербална нота за бугарскиот пратеник Костадинов, кој изјави дека „Македонија е бугарска“

Редакција