еМагазин
Image default
Македонија

Закани и кон уредничката во ТВ Алфа, Коровешовска, ССНМ бара институциите итно да реагираат

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) повторно ги повикува институциите да реагираат на заканите кои Емил Јакимовски ги упатува до новинарите. По закани кон новинарката на „А1он“ Мери Јордановска, тој, како што се наведува, испратил и закани по безбедноста кон Искра Коровешовска, уредник во „ТВ Алфа“.

– Претходно Јакимовски на својот фб-профил објави и недолична содржина за Коровешовска со цел да ја дискредитира, користејќи недолични и крајно навредливи зборови. Со оглед на тоа што во период од неколку дена, повеќе новинари се огласија дека добиваат закани од истото лице, ССНМ бара од МВР и ОЈО итно да преземат мерки за ваквите напади и закани врз новинарите, бидејќи во спротивно несанкционирањето на заканите ќе значи и охрабрување за сите кои сметаат дека на таков начин можат да се справуваат со новинарите, се вели во соопштението.

ССНМ ги охрабрува новинарите и медиумските работници веднаш да ги пријавуваат ваквите закани, онлајн малтретирања, навреди и напади до синдикатот, како и до соодветните институции бидејќи, како штос е наведува, само со заедничка и здружена реакција може да се врши поголем притисок врз институциите за да реагираат. Давањето јавност, пак, на ваквите случаи се покажало како начин за обесхрабрување на оние кои се обидуваат на најразлични начини да ги замолчат новинарите.

– Безбедноста на новинарите и медиумските работници е од клучно значење за слободата на медиумите, бидејќи нема професионалност и објективност доколку се работи во атмосфера на страв. ССНМ затоа ја отвори и бесплатната линија за помош при напад на новинари и медиумски работници и ги повикува сите кои се предмет на какви и да било закани, онлајн малтретирање, физички или вербални напади веднаш да го пријават на телефонскиот број 0800 11 011, се вели во соопштението од ССНМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЗНМ ги осудува заканите и навредите упатени кон новинарката Мери Јордановска

Централниот регистар ги осуди заканите на нивен вработен кон новинарката Мери Јордановска

Фото: ССК

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Преименувањето на 24 мај во ден на бугарската писменост, не е во согласност со Договорот, вели Османи

Редакција

Ревакцинирани вкупно 212.201 граѓани

Редакција

Министерката за регионален развој на Бугарија ќе ги презентира резултатите од инспекцијата на автопатот „Струма“

Редакција