еМагазин
Image default
Македонија

Заканувачот му се извини на Героски, го предупредил да не го нападнат вмровци

Борче Гиновски кој преку Фејсбук му се закани на Бранко Героски, му се извини на новинарот.

„Се крена голема прашина за мојата порака упатена до новинарот Героски, кого го почитувам.

Сакам најпрво да се извинам и да соопштам дека не беше во таа насока кажано, ниту имав намера да се заканувам, јас сум човек што за време на режимот на Никола Груевски многу луѓе сум се обидувал да ги заштитам од насилство.

Героски е меѓу тие што беа напаѓани од поддржувачите на режимот и мојата порака беше во насока дека може токму од ВМРО-ДПМНЕ да биде нападнат, така делуваат они.

Како и да е, настана недоразбирање, се извинувам лично до Героски и до јавноста, немам намера ниту некого да напаѓам ниту да навредувам, ја почитувам работата на новинарите.

Повикан сум во партијата на разговор, ова ќе го соопштам и таму, но сакам јавноста да ја знае вистината“, напиша тој на Фејсбук.

На последните претседателски избори по предлог на СДСМ, Гиновски бил член на избирачки одбор во скопската општина Ѓорче Петров на избирачко место 2581, потврдија за телевизијата Алфа од Државната изборна комисија (ДИК).

Претходно од СДСМ изјавија дека тој не работи како обезбедување во партијата и дека не знаат дали бил нивни член.

На Фејсбук профилот на Гиновски пак можат да се најдат фотографии со неколку функционери на партијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Героски го побара заканувачот во СДСМ, од партијата велат дека не е од нивното обезбедување

ССНМ и ЗНМ ги осудија заканите кон Героски, бараат реакција од институциите

Фото: Фејсбук/Гиновски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Конечна детална листа: Кои се избраните градоначалници во првиот круг на локалните избори

Редакција

Обработени 16,88% од гласовите: Пендаровски 41,77, Силјановска 38,69 и Река 15,65%

Редакција

Детален преглед на состојбата по болниците каде се лекуваат пациенти со Ковид-19

Редакција