еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Законот за Договорот од Преспа објавен во Службен весник на Грција, го потпиша и грчкиот претседател

Законот според кој се ратификува и стапува на сила Договорот од Преспа е објавен во Службен весник на Грција, откако претходно, веднаш по ратификацијата од Парламентот, го потпиша и грчкиот претседател Прокопис Павлопулос, јави дописничката на МИА од Атина.

Со објавувањето во Службен весник со датум 25 јануари 2019, договорот меѓу двете земји веќе и официјално е закон во Грција.

Законот од Министерството за надворешни работи на Грција под наслов „Ратификација на конечниот договор за решавање на разликите како што се објаснети во одлуките на Советот за безбедност на Обединетите нации 817 (1993) и 845 (1993), прекинување на Времената спогодба од 1995 година и воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните, содржи 3 члена.

Првиот член е договорот во целост на англиски и преведен на грчки јазик.

Вториот член се однесува на подигањето на нивото на Канцеларијата за врски во Скопје во амбасада и на Канцеларијата за конзуларни, економски и трговски работи во Битола на ниво на Генерален конзулат.

Третиот член објаснува дека законот стапува на сила по објавувањето во Службен весник, а договорот стапува на сила по ратификацијата и по исполнување на предусловите, согласно членот 20.

Како нацрт закон, минатата сабота, Договорот од Преспа беше донесен во грчкиот Парламент по што следеше дводневна расправа на надлежната Комисија за надворешни работи и одбрана, потоа пратениците над 38 часа на пленарна седница во три продолженија расправаа за решението меѓу двете земји, а вчера напладне со 153 гласа „за“, законот беше усвоен.

Веднаш по ратификацијата, го потпиша претседателот на Грција Прокопис Павлопулос и го отвори патот за објавување на законот во Службен весник.

МИА/Фото: Влада

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Македонија си го смени името, парите и пасошите“: Што пишуваат регионалните медиуми за ратификацијата на Договорот од Преспа

Уште колку чекори од Договорот од Преспа треба да се исполнат, за да станеме членка на НАТО

Ратификацијата на Преспанскиот договор во Грција одекна во светските медиуми

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Почна изградбата на нов далекувод во Овчеполието

Редакција

Чии акции на Македонската берза имаат најголем раст и пад во јули

Редакција

(Видео) Младиот Марко Пејчиновски преплива 24 км на релацијата Радожда – Трпејца – Градиште

Редакција