еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Законот за спречување и заштита од дискриминација ќе биде изгласан во Собранието до средината на март

Како пратеници, како парламентарно мнозинство велиме НЕ за дискриминацијата. Цврсто сме посветени на градењето едно општество за сите, без поделби, без дискирминација, еднакво општество на еднакви граѓани со еднакви можности, вели Јагода Шахпаска, пратеничка на СДСМ и коалицијата, по денешното јавно барање на 100 здруженија, сојузи и фондации и мрежи на граѓански организации за итно донесување на Законот за спречување и заштита од дискриминација.

“Во таа насока, Законот за спречување и заштита од дискриминација ќе биде изгласан во Собранието до средината на март. Претходно Комисијата за труд и социјална политика во Собранието ќе заседава ќе ги заврши сите свои обврски поврзани со овој закон.

Со измените, за прв пат како основи за дискриминација се воведуваат сексуалната ориентација и родовиот идентитет.

Се додава и нов облик на дискриминација со кој треба да се справуваме а тоа е сегрегацијата.

Измените ќе ги прошират надлежностите на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација во насока на превенција. Новиот Закон предвидува јасни критериуми за избор на членови на Комисијата, кој ќе добијат статус на функционери, со цел да се професионализира Комисијата.

Истовремено, од судски трошоци се ослободуваат лицата кои ќе поведат судска постапка за заштита од дискриминација, а се зголемува и износот на прекршочните одредби за правни и физички лица за кои ќе се докаже дека сториле дискриминација.

Здруженијата на граѓани и неформалните групи кои имаат оправдан интерес за заштита на одредена група или се занимаваат со заштита од дискриминација, ќе можат да поднесат тужба, ако со постапувањето на тужениот се дискриминирани поголем број лица.

Мораме да дадеме приоритет на заштитата на правата и слободите на граѓаните и на борбата за еднакви можности во ова наше заедничко општество. Очекуваме поддршка од сите пратеници без разлика на партиска определба.

Продолжуваме заедно со граѓаните, со институциите да градиме систем кој ќе заштитува од секаков вид дискриминација“, вели Шахпаска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Граѓанските организации бараат итно донесување на Законот за спречување и заштита од дискриминација

Фото: СДСМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БИСПАГ: Октомври е месец за заштита од пожари, едукацијата важна за граѓаните

Редакција

(ФОТО) Како да се заштитите од земјотрес: Кои места во домот се безбедни?

Редакција

По кратко боледување, на 35-годишна возраст почина штипскиот хирург Симон Василев

Редакција