еМагазин
Image default
Бизнис

Законски измени за угостители и обложувалници: Ограничување на времето за издавање сторна сметка

Угостителите и обложувалниците ќе имаат временско ограничување за издавање сторна сметка. Ова е новина во измени на Законот за готовински плаќања што е во собраниска постапка, а ги најавува министерот за финансии Драган Тевдовски во интервју за МИА.

-Се прават неколку измени во насока на намалување на даночната евазија. Фокусирани сме на еден дел што се однесува на сторнирање на сметките. Едно од решенијата на законот е при сторнирањето на сметките да се приложува и сметката што е сторнирана. Друга измена, се доуредува и делот кај издавањето сторни сметки кај угостителите и обложувалниците, кај кои се пропишува временско ограничување за издавање сторна сметка во рок од 15 минути од издавањето на фискална сметка, со цел да се спречат злоупотреби, појаснува министерот во интервјуто. 

МИА/Фото: Министерство за финансии

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Се разгорува акционерската битка во „Реплек“: Продаден блок акции за 283.000 евра

Редакција

Македонската берза ги исклучи од котација акциите на Велес Табак, поради стечај на друштвото

Редакција

Цената на горивата останува иста

Редакција