еМагазин
Image default
Локално

Замрзна Охридското Езеро кај „Женска плажа“, Радожда и Калишта

Замрзна дел од крајбрежјето на Охридското Езеро во близина на „Женска плажа“ во Струга. Ниските температури кои ноќе достигнуваат и до минус 16 степени целзиусови доведоа до мрзнење и на поплитките делови од езерото кај Калишта, Радожда и во Охрид.

Замрзнати делови има и на акумулацијата „Глобочица“.

Повозрасните стружани велат дека ваквата појава била честа порано, односно се случувало мразот да достигне дебелина и од неколку сантиметри. Но, велат тие, последните години климата е променета и во зима нема толку ниски температури како некогаш.

Стружани се сеќаваат на поголем мраз на езерото пред 10-тина години.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Бесплатни часови по лизгање во Винтерленд

Редакција

20-годишна девојка од Скопје почина по пад од зграда

Редакција

Приведена скопјанка која им овозможила на возрасни лица секс со малолетнички, при што и ги снимале

Редакција