еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА

Занаетчиите незадоволни од владините мерки за справување со „корона-кризата“

Занаетчиите на социјалните мрежи изразуваат големо незадоволство од владините мерки за справување со „корона-кризата“, кои конкретни ги тангираат нив.

„Сите ветувања што ги слушнавме деновиве за наводна помош за занаетчиите како ќе биле потпомогнати во овој кризен период паднаа во вода, бидејќи сето тоа излезе дека е голема лага“, велат тие.

Посочуваат дека не добиле субвенционирање на плата и придонеси за месеци март, април и мај, како што барале тие, но и дека не биле вклучени за безкаматен кредит со грејс период на 24 месеци преку Македонска банка за развој, како што тоа се направи за неколку сектори, кои првично беа погодени од кризата.

Тие се незадоволни и што банките не овозможија одложување на кредитните услови без дополнителни трошоци и камати, за период од шест месеци.

“Од сите овие мерки во ништо не е вклучен занаетчијата, освен наводно субвенционирање на плати за вработени само за април и мај од кој треба да се вратат назад на завршна сметка во 2021 година“, велат тие.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Писмото до коронавирусот на режисерот Бранимир Камбер го остави регионов без зборови

Умираат дома: Вистинската слика за починатите од корона вирусот во Италија е многу пострашна

Сите детали: 17 починати од коронавирусот во Македонија, еден од починатите е од Косово

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Раст на трошоците на животот: Поскапеле зеленчукот, млекото, горивата, гасот…

Редакција

Почнува поднесувањето барања за поддршка од земјоделскиот Интервентен фонд

Редакција

Инфлацијата во јануари 17,1%

Редакција