еМагазин
Image default
Локално

Запалил стрниште, направил пепел од имотот на соседите

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против М.Л.(71) од Виница поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување на општа опасност“, информира МВР.

На 05.03.2019 година на место викано „Влашки ливади“ во Виница пријавениот запалил стрниште, при што настанал пожар кој се проширил на соседната нива и склад за дрва кој го користи приватна фирма.

Притоа, биле опожарени 227 кубни метри багрем, 99 кубни метри даб и 49,5 кубни метри бор, а оштетени биле и товарни возила, приколка и друго, со што била причинета материјална штета од 2.055.040 денари . Во пожарот бил зафатен и деловен објект сопственост на Н.И. од село Истибања, при што биле оштетени ПВЦ столарија, ѕид и кровната конструкција, со што била причинета материјална штета од 254.450 денари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Воислав Димитровски нов в.д. директор на ЈП „Лајка“

Редакција

Фрлале амфетамин од автомобил пред очите на полицијата

Редакција

Жичарницата на Водно од денеска ќе работи до 20 часот

Редакција