еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Започна 12. издание на лидер-проект: Врвна програма за бизнис и претприемништво

Денеска започна дванаесетото издание на ЛИДЕР проект, во организација на Македонија 2025, кое ќе трае десет работни денови.

Врвни инструктори од познатата бизнис-школа Ричард Ајви при Универзитетот од Канада, ќе им го пренесат своето богато меѓународно искуство и лидерски вештини на околу 40 тековни и просперитетни претприемачи од земјава.

Обуката е градена според МБА програмата на школата Ричард Ајви и вклучува пренесување на широк распон на знаења како подготовка и оценување на изводливост на бизнис план, развивање стратегии, брендирање на производ, маркетинг, финансирање, управување со човечки ресурси итн.

Истатa се изведува практично, преку интерактивна анализа на уникатни студии на случај и развој на сопствени бизнис планови, со можност за дополнително индивидуално менторство.

„Интересот од година во година е сè поголем од страна на претприемачите кои сакаат да се стекнат со нови знаења, кои подоцна ќе ги имплементираат во своите постоечки или новоосновани бизниси.

Со над 400 алумни и со проширување на соработката со други организации од регионот, ЛИДЕР проектот стана една од највлијателните обуки за бизнис вештини во земјата“, објаснува проф. д-р. Никица Мојсоска Блажевски, главен извршен директор на Македонија 2025, која денеска официјално ја отвори програмата.

Главната цел на ЛИДЕР проектот е на талентираните македонски претприемачи да им помогне да ги претворат своите идеи во успешни бизниси, а со тоа да придонесе и за зголемен развој на економијата воопшто.

ЛИДЕР проектот е овозможен благодарение на соработката помеѓу Македонија2025, канадската бизнис-школа Ричард Ајви и Амбасадата на Канада во Србија, Северна Македонија и Црна Гора.

За Македонија2025

Македонија2025 е меѓународна, независна, непартиска, непрофитна организација. Остануваме посветени на нашата мисија да помогнеме во создавањето на просперитетна економска клима во земјата и „посилна нација”, која ќе ги подобри можностите за граѓаните, компаниите и странските инвеститори. Промовираме одржлив економски раст преку поттикнување на конкурентноста, претприемништвото, иновациите и лидерството базирано на вредности.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Отворена нова експозитура на НЛБ Банка во населбата Аеродром

Редакција

Премиера на серијата „Пад“ инспирирана од бестселерот на Жарко Лаушевиќ, ексклузивно на МТЕЛ

Редакција

Висок претставник на Вселенската патријаршија и атинскиот хор „Тропос“ во посета на Бигорски манастир

Редакција