еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Започна Интерфуд 2019 во Софија, Витаминка еден од најголемите изложувачи

Започна саемот Интерфуд 2019, Меѓународен специјализиран саем за храна, пијалаци, амбалажи и производствени апарати што секоја година се одржува во Софија.

Витаминка, која веќе долги години е присутна на овој пазар, традиционално е дел и од овој саем и е еден од најголемите изложувачи. Во текот на четиридневната манифестација, Витаминка ќе ги претстави своите производи и производни програми, како и производните практики.

Покрај презентациите, компаниите присутни на Интерфуд имаат можност и за семинари, конференции, работилници и деловни состаноци со потенцијални бизнис партнери.

Меѓународниот саем за храна, пијалаци, амбалажи, производствени апарати и нови технологии што се одржува годинава по 18ти пат во Софија е еден од најпрестижните настани во прехранбената индустрија од Југоисточна Европа.

Витаминка секоја година е присутна на овој саем и досегашното искуство ги потврдува предностите и бенефитите од присуството. Преку својата фирма во Бугарија, Витаминка веќе долго работи на афирмација на своите производи на локалниот пазар.

Покрај контактите со потенцијални партнери од пазарите во Југоисточна Европа, Витаминка со претставувањето на своите производи дополнително ја зацврстува својата позицијата на бугарскиот пазар каде Чоко Стоби флипс, Атлантис, Бонитас, Кукис, Деспина, Весели јајца, Фрути и останатите производи се веќе познати брендови и висококвалитетни производи.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) „Dreamy Passage“: Нова капсулна колекција на Росица Мршиќ

Редакција

Вечерва ќе биде отворена фотографската изложба „Прага интима“ на Влатко Деков во НЛБ Галерија

Редакција

Атиџе и семејството од „Медена земја“ ќе добијат домови, а авторите на филмот државна награда

Редакција